utro_1

Во утринското брзање малкумина од нас имаат време лежерно да се подготват, дотераат, да го покријат заморот кој се рефлектира на лицето … Затоа, сето ова направете го во текот на ноќта и наутро ќе изгледате како на работа да сте дошле директно од некој салон за убавина .

Кога ќе се разбудиме наутро, посакуваме што побрзо да го испиеме првото кафе за да не расони, па се брзаме и немаме време за многу нешта, особено не за фенирање, ставање на маска за лице, чешлање на замрсената коса … А ретко кој има време за сето ова кога ќе се разбуди.

Затоа, за вас подготвивме листа на работи кои треба да ги направите пред спиење, за во утринските часови да имате убава фризура, свежо лице и да изгледате како само што да сте излегле од салон за убавина.

– Навечер, измијте ја косата, исушете ја и направете плетенки додека косата е сеуште влажна. Во утринските часови, распуштете ги плетенките и ќе имате убава брановидна коса, а исто така и нова, уредна и убава фризура.

ubavina_2

– Спијте со маска на очите. На овој начин ќе го спречите создавањето на брчки на кожата околу очите, а наутро овој дел од лицето, кој е воедно и еден од најчувствителните ќе изгледа свежо, без темни кругови околу очите или грозните подочници.

– Нанесете хидратантна крема на кожата на лицето и телото пред спиење. Лицето ќе ви биде свежо, а здолниште ќе носите со поголема самодоверба, без да размислувате дали кожата ви изгледа суво и испукано.

– Сочувувајте ги резултатите од фенирањето : ако сте се исфенирале денес, а сакате ефектот да го продолжите до следното миење на косата, едноставно пред спиење зацврстете ја косата во високо конско опавче.

– Користете есенцијално масло за нега на кожата на лицето. Наутро ќе изгледате само што да сте пристигнале од некој козметички третман.

– За да го ​​забрзате процесот на впивање на кремата, нанесете слој подлога преку слојот препарат за нега на кожата. Ова ќе овозможи полесна апсорпција на кремата.

– Користете маска за коса – на овој начин нема да мора толку да се грижите за сувите и испукани краеви, а косата ќе биде полесна за обликување.

– Спијте на сатенски навлаки за перници – така вашата коса нема да се мрси и врвовите да пукаат, па во утринските часови нема да мора да губите десет минути во расчешлување на чворовите.

– Доколку користите крема за самопотемнување, намачкајте ја пред спиење и почекајте добро да се исуши, а дури потоа легнете. Кремата убаво ќе се впие, бојата насекаде ќе биде изедначена, а постелината чиста.