Недостигот на течности е главната причина за појава на грчеви во мускулите. Продорна и интензивна болка најчесто настанува во нозете, иако може да се појави и во други делови од телото. Оваа состојба трае од неколку секунди до неколку минути. Ноќната спазма на мускулите се јавува веднаш кога ќе заспиеме или наутро по будење, а најчесто е последица од слаба циркулација, иако се јавува и кога телесната температура е пониска од вообичаено.

 

Постојат и други причини кои доведуваат до силни и неконтролирани контракции на мускулите, кои се локализираат и кои предизвикуваат болки.

 

Грчевите во нозете можат да бидат знак и за заболување на бубрезите, шеќерна болест, периферниот и централниот нервен систем, Паркинсонова болест, нарушувања на функцијата на штитната жлезда или паротироидната жлезда како и мултиплекс склероза. Кај старите луѓе, грчевите се последица на ослабната циркулација на артериите на нозете, поради што доаѓа и до чувство на студенило и болки по долго одење. Кај оние кај кои напреднала артериосклерозата можат да се појават болки и грчеви и во состојба на мирување. Одделни лекови, како што се диуретиците, можат да предизвикаат појава на грчеви и поради тоа оние пациенти кои ги користат во терапијата советуваат редовна контрола на нивоата на електролитите.

 

Зачестената појава на грчевите во нозете бара задолжителна посета на доктор. Одложувањето на решавање на овој проблем кај пациентите кои боледуваат од прогресивна артериосклероза може да биде причина за ампутација на екстремитетите.

 

Грч во мускулите на нозете се случува и кај здравите. Кај трудниците нивната појава е почеста, посебно во подоцнежните месеци од бременоста, поради недостаток на магнезиум и калциум. Од грчеви многу чесо патат и спортистите поради таложење на млечна киселина во изморените мускули и кај оние кои живеат во простории со многу влага и високи температури. Силна и прободувачка болка со контракции во зафатениот мускул не ереткост ни кај оние со слаба физичка кондиција, но исто така може да се јави и поради прекумерна физичка работа, најчесто при чучнати или неадекватни положби. Од грчеви во мускулите на нозете патат и жените кои носат високи потпетици.

 

 

Магнезиумот помага

 

Кога грчевите во мускулите се последица од нарушување на балансот на течностите и електролитите, да кажеме поради дехидрираност, може да помогне магнезиумот. Земањето на овој минерал ги остранува болките делувајќи на причината, помага моментално, но и долгорочно во релаксирањето на мускулите.

 

 

 

Превенција

 

За да ја спречите појавата на грчевите, нозете при одморање држете ги малку подигнати. Од подеднаква важност е надоместувањето на магнезиумот и да се пијат најмалку по две литри вода. Ефикасно делува и умерената физичка активност, како возење велосипед и релаксирачка масажа на целото тело. Ограничете ги или сосема одбегнувајте ги алкохолот и кофеинот, бидејќи ја “извлекуваат” водата од организмот. Пожелно е храната која ќе се консумира да биде богата со калциум и калиум.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина