Постои изрека која вели дека очите се огледало на душата и навистина првото нешто кое го забележуваме кај луѓето се токму нејзините или неговите очи. Тие можат да ни откријат многу, вклучувајќи ја и староста на личноста. Трагите на стареење се највидливи токму на нежната кожа околу очите. Начинот на кој кожата ќе старее зависи од гените и од негата која се применува. Ситните брчки попрво ќе се појават кај оние кои имаат сува кожа, додека темните кругови под очите се својствени за оние кои имаат тенка кожа.

 

 

Сојузници

 

Следниве состојки се сојузници за соодветната нега на делот околу очите:

  • Камилица и краставици – и двете се познати како многу ефикасни против отеченоста на кожата.
  • Витамин Ц – ја посветлува кожата и ги јакне ѕидовите на крвните садови, па од тука е препарат кој е иделален за решавање на проблемот со темните кругови. Освен тоа, има важна улога во процесот на настанување на колагенот.
  • Витамин Е – ја смирува, штити и ревитализира кожата.

 

 

Совети

 

Освен соодветната козметика, не заборавајте и на овие совети за убавина:

 

  • Добар сон – истражувањата покажале дека клетките на лицето се обновуваат во текот на ноќта и до осум пати побрзо, па иако телото се одмора, кожата работи со полна пареа и ги ,,отстранува,, брчките.
  • Задолжително извадете ја шминката пред легнување – шминката ја суши кожата и го забрзува создавањето на брчките.
  • Носете очила за сонце – очилата не се потребни само на лето, туку користете ги и во зима, бидејќи сонцето, поради кое често жмиркаме предизвикува создавање на ситни брчки на делот околу очите. За очилата важи правилото – колку потемни, толку помалку брчки.
  • Внимателно со негата на делот околу очите – кожата околу очите е многу чувствителна, па затоа мора нежно да се нанесува кремата и шминката на овој дел. Никако не го бришете енергично, бидејќи може да ги оштетите крвните садови кои се веднаш под површината на кожата и како резултат на тоа да добиете уште потемни подочници.
  • Вежбајте го своето лице – еден од најдобрите начини да се ослободите од брчките и несаканите линии е да го вежбате своето лице.
  • Хранете се здраво и внесувајте доволно течности – консумирајте риба (посебно лосос), овошје и зеленчук, како ихрана која содржи протеини, омега-3 масни киселини, антиоксиданси, витамини A, C, E и комплекс од B витамините.
  • Намалете ги пороците – секако, тоа се однесува и на цигарите и на прекумерните количини алкохол.

 

Годините и стареењето не можат да се сопрат, но со користењето соодветна козметика и со усвојување на здрави навики сигурно е можно да се задржи здравата и сјајна кожа.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина