vitamini

Околу 40 % од светската популација не внесуваат доволно витамини А,Ц,Д,Е, калциум и магнезиум. Новото истражување објавено во списанието на Американскиот колеџ за храна,открива дека постои корелација помеѓу телесната тежина и внесувањето на витамини и минерали.Недостатокот на внесување на витамини и минерали може да го потикне таложењето на вишокот масти.

Во истражувањето кое траеше 7 години,учествувале вкупно 18 000 луѓе со различни тежини.Некои од нив биле дебели, некои прегладнети, а повеќето со здрава телесна тежина.Тие пополнуваа прашалник во кој беа опфатени прашања за нивниот целокупен начин на живот. Кога истражувачите го мереле уделот на витамини и минерали во организмот дошле до зачудувачки резултати.Дебелите луѓе често пателе од недостаток на витамин А,Ц, магнезиум. Најчесто дебелите луѓе не го внесувале потребното дневно количество на калциум, витамин Д и Е. Научниците веруваат дека, луѓето со превисок индекс на телесна маса не јадат балансирана и здрава исхрана, а тоа е главната причина за недостатокот на витамини и минерали во телото, а неадекватниот внес на минерали и витамини промовира акумулација на масти, па така дебелите луѓе се наоѓаат во затворен круг од кој тешко ќе излезат.

Витаминот Д игра важна улога во ослободување на лептин, хормон кој го контролира апетитот и складирањето на мастите во телото. Недостатокот на витамин Д исто така,промовира акумулација на вишокот тежина.

Експертите истакнуваат дека околу 40 % од населението во светот, без оглед на возраста и телесната тежина, не внесуваат доволно витамин А,Ц,Д,Е,калциум и магнезиум. Ако не сте сигурно во тоа дали доволно внесувате витамини и минерали, посоветувајте се со доктор

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз