Стриите обично настануваат како последица од бременост или таложење на килограмите, а најчесто се јавуваат на бутовите, стомакот, градите, задникот и рацете. Промената на телесната тежина, бодибилдингот, последици од хормонско нерамнотежа… сето тоа создава процепи на дермалниот слој. Оваа состојба обично се покажува во вид на црвеникави, пурпурни обележја или дисколорациии коисе појавуваат на делот каде кожата  растегната. Се проценува дека 90% од жените кои биле бремени, 70% адолесценти и 40% малолетници имаат стрии.

 

 

 

Црвени стрии

 

Овие се први знаци за истегнување на кожата. Со оглед на тоа што се и понатаму во фаза на развој, тие се во идеална фаза за лекување. Можат да се лекуваат со употреба на крема која помага во обновување на колагенот во кожата. За обновување на клетките на кожата и намалување на лузните придонесуваат и ласерските третмани.

 

Бели стрии

 

Овие лузни покажуваат дека еден дел од кожата подолго време била растегната. Белите лузни веќе некое време стојат на кожата. Не можат да се лекуваат со секакви креми, додека третманите како што е микродермоабразијата можат да помогнат во подобрување на текстурата на кожата и можат да и дадат полиран изглед. Сепак, овие третмани нема да го обноват колагенот во кожата.

 

За белите стрии постојат поинакви третмани за кожата – егзајмер ласер. Помага за оживување на бојата на кожата, а резултатите варираат од човек до човек.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина