Антибиотиците и лековите за штитната жлезада се силни медикаменти кои се земаат единствено и само со претходна консултација со доктор. Но, што во случај кога во терапијата за штитната жлезда се ,,вмеша,, здравствена тегоба која мора да се лекува со антибиотици, па мораме да ги земаме двата лекови? Еве како тоа може да влијае врз организмот и на што мора да внимаваме.

 

Истовременото земање лекови за штитна жлезда и антибиотици може да влијае врз апсорпцијата на лековите за штитна жлезда, односно таа може да биде намалена или зголемена. Истражувањето спроведено од списанието Thyroid заклучило дека антибиотикот Ciprofloksacin значително ја намалува апсорпцијата на лекот за штитната жлезда, а слично влијаат и останатите антибиотици од семејството на кинолони, посебно ако се работи за хипотиреоза.

 

Основното правило гласи дека антибиотиците и лековите за штитна жлезда не се земаат истовремено односно дека е потребно да помине барем половина час меѓу нивното земање. Од друга страна, некои други антибиотици можат значително да ја зголемат апсорпцијата на лекот за штитната жлезда.

 

Антибиотиците земени во комбинација со лек за штитна жлезда можат да имаат 3 ефекти:

  1. Можат да ја намалат апсорпцијата на лекот за штитната жлезда, што доведува до намален проток на лекот за штитната жлезда во крвотокот.
  2. Можат да ја зголемат брзината со која организмот го преработува и исфрла вишокот од лекот за штитната жлезда, што исто така доведува до намален проток на лекот за штитната жлезда во крвотокот.
  3. Можат да го променат начинот на кој лекот за штитната жлезда ги врзва протеините во крвотокот и како се впива, што исто така влијае на хормонот на штитната жлезда.

 

 

Основното правило дека лековите за штитната жлезда и антибиотиците не се земаат во исто време останува и понатаму. Но, кога тоа не може да се оствари, тие можат да се земаат и заедно, но во тој случај треба да се земе поголема количина од лекот за штитната жлезда, која ќе ја процени и одреди доктор специјалист за тоа, односно тиреолог.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина