При орална примена на лекови може да дојде до одредени проблеми со органите за варење. Овие појави не се чести, а  се случуваат воглавно кај оние луѓе кои земаат лекови на своја рака.

 

Поради тоа важно е да се знае, зависно од тегобите кои ги имате, што можете да направуте сами за да ја спроведете терапијата ефикасно до крајот и колку што е можно побезболно.

 

Кога ве пече езофагусот: пијте ги таблетите стоејќи или седејќи

 

Некои луѓе навистина не можат лесно да ја голтнат таблетата или капсулата, а некои ги пијат без течност, па лекот се заглавува во езофагусот. За жал, тука и се раствира, а супстанциите кои ги испупта можат да ја изиритираат неговата слузокожа и да доведат до пецкање, болка, оток, па дури и до лесно крварење. Затоа, додека голтате некој лек, мора да седите или да стоите. Отпијте неколку голтки течност пред да земете таблета и голтнете ја со минимјум 200 мл. вода, што е отприлика една стандардна чаша. Не легнувајте се додека не се уверите дека таблетата заминала во стомакот.

 

Нагон за повраќање: внимавајте што јадете по земањето на лекот

 

Одделни лекови, како што се нестероидните инфламатори, антибиотиците или контрацептивните пилули, можат да го изиритираат сфинктерот, мускулот кој се наоѓа помеѓу езофагусот и желудникот и кој дозволува храната да стигне до стомакот откако ќе ја голтнеме. Тоа ја зголемува шанската да се појави нагон за повраќање. Одбегнувајте кафе, алкохол, чоколада и масна и пржена храна, која може дополнително да придонесе за проблемот. Не легнувајте веднаш по јадењето. Еден од најчестите проблеми кои ги предизвикуваат нестероидните антиинфламаторни лекови како што е ибупрофенот и другите лекови против болки е иритацијата на слузоожата на желудникот. Тие буквално ја слабеат отпорноста на слузокожата на желудочната киселина, што на подолг временски период може да доведе до гастритис, чир и крварење. Користете таблети кои содржат посебна гастро-обвивка, која го чува желудникот од иритации од ваков вид. Испијте го лекот додека јадете или испијте го со чаша млеко, која може да го ублажи проблемот.

 

Запек: внесувајте растителни влакна и многу вода

 

Многу лекови, како суплементите со железо, наркотиците или лековите против болки можат да предизвикаат запек, така што ги забавуваат нервните завршетоци на мускулите кои ги придвижуваат цревата. Јадете храна која содржи многу влакна, како свежо овошје и зеленчук и житарки од цело зрно. Пијте многу вода и движете се.

 

Дијареја: земајте пробиотици и одбегнувајте шеќери

 

Најчесто ја предизвикуваат антибиотиците, кои ја нарушуваат цревната флора и го зголемуваат присуството на бактериите кои предизвикуваат ретка столица. Тоа најчесто се случува со пеницилинот и цефалексинот. Затоа се пијат во комбинација со пробиотици, за да може проблемот да се спречи на време. Решението е во одбегнување на шеќерите и пиењето големи количини јогурт, јадењето сирење и други млечни производи кои содржат во себе пробиотски бактерии.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина