Шон Арент, директо на Центарот за здравствени и физички способности на Универзитетот Ратгерс, вели дека верувањето оти ќе се повредиме ако не се истегнуваме пред вежбање е само мит.

  • Истегнувањето не е лошо. Тоа е сосема во ред, но само ако го правите по вежбањето. – Она што ви е потребно пред тренинг е загревање, но тоа не значи да се истегнувате, секако, мислам на ,,статичното,, истегнување, при кое се виткаме, се допираат врвовите од стапалата и се држат додека се истегнуваат квадрицепсите. Тоа е како да сте ставиле во ладилник гумичка и сте почнале да ја влечете и тегнете. Нема да помине долго време пред таа да пукне – објаснил тој.

 

Од друга страна, ако се загревате пред тренинг, ќе станете поеластични – наведува Арент. Затоа е најдобро истегнувањето да се прави за време на ладењето.

  • Ако сепак сакате истегнување пред тренинг, тогаш тоа мора да биде динамично. Се работи за цела низа движења, како што е изведување високи ножни удари и слично. Не се работи за вистинско истегнување, туку за динамично загревање – вели Арент.

Акутното истегнување ја намалува силата, додека хроничното истегнување ја намалува можноста од повреди. Колку се разновидни движењата, толку е поголема подвижноста на телото и флексибилноста на тетивите.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина