Ако сте здрави и ви се тресат рацете, не мора да се грижите, посебно ако е надвор минус. Вообичаено е луѓето во некоја животна доба да доживејат тресење на рацете во непознати ситуации или за време на голем студ. Пациентите кои ќе забележат дека им се тресат рацете обично најпрво помислуваат на најлошото – треморот би можел да биде прв знак за страшната Паркинсонова болест.

Но, според пишувањето на германскиот весник за луѓе во третото доба, Senioren Ratgeber, постојат многу можни причини за тресење на рацете. Поголема е веројатноста треморот да биде предизвикан од метаболички нарушувања или нервоза.

Треморот е ненамерно, ритмично, променливо или осцилаторно движење на меѓусебно неповрзани група на мускули. Тој типично ги зафаќа дланките, главата, деловите од лицата, гласниците, трупот или нозете. Кога ќе почувствувате треперење во неочекувани ситуации или за време на голем студ, тоа е совршено нормално. Меѓутоа, ако треморот потрае подолг временски период, потребно е да посетите доктор. Кај 10% луѓе постари од 50 години треперењето е поврзано со хипертирозата, односно со забрзана работа на штитната жлезда, болести на бубрезите или дијабетес.

Физиолошкиот тремор е најчеста причина за треперење кај здравите луѓе. Присутен е секогаш, но обично предизвикува толку ситни движења, што е воочлив дури во одредени околности (на пример при анкциозност, стрес, замор, консумирање кофеин, недостиг на витамини и т.н.) или при земање одредени лекови. Во некои случаи тресењето е едноставно поврзано со животната старост. Кај отприлика 5% од луѓето постари од 65 години се јавува есенцијален тремор. Што го предизвикува него, не е познато, но ако го ограничува распонот на движења или влијае на квалитетот на живот, постојат лекови со кои може да се сопре.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина