Познато е дека храната која ја јадеме има големо влијание врз нашиот изглед и здравје. Меѓутоа, дали знаете дека е важно и во кое време се консумира? Всушност, истражувањата покажале дека консумирањето одредена храна во правилно време во текот на денот, може да помогне во постигнувањето максимален ефект од диетата на која сме моментално или на посебниот режим на исхрана на кој се имаме посветено. Еве кога и зошто треба да се јаде одредена храна во одредено време.

1. Црна чоколада

За појадок: Консумирањето неколку коцки црна чоколада за појадок ќе го снабди телото со антиоксиданси, кои го забавуваат стареењето и кои се добри за здравјето на срцето.

Не е добро да се јаде за ужина:Ако изедете повеќе од 25 грама црна чоколада во текот на денот, постои можност телото истите да ги претвори во масти.

2. Месо

За ручек: Порција месо е одличен извор на железо, кој ги облагородува клетките со кислород, а исто така и другите органи. Ова го намалува чувството на замор, но и слабоста на имунолошкиот систем.

За вечера: Не треба да се јаде месо за вечера, бидејќи му се потребни дури пет часа на организмот да го свари. Консумирањрто месо пред одењето на спиење може сериозно да му наштети на дигестивниот систем.

3. Јаткасти плодови

За ручек: Консумирањето на еден грст јаткасти плодови (околу 30 грама) ќе го надополни организмот со потребните омега – масни киселини. Тие ги одржуваат крвните садови здрави, го регулираат крвниот притисок и имаат поволен ефект на функцијата на белите дробови.

За вечера: Одбегнувајте ги, бидејќи се калорични и содржат многу масти, така што нивното консумирање во доцните часови може да доведе до дебелеење.

4. Портокали

За ужина: Портокалите ја подобруваат функцицијата на дигестивниот систем и имаат закрепнувачки ефект на целото тело, а исто така и го забрзуваат метаболизмот.

Рано наутро: Јадењето портокали на празен желудник, веднаш по будењето, може да доведе до алергиски реакции и иритации во стомакот, што го зголемува ризикот од добивање гастритис.

5. Тестенини

За појадок и ручек: Пченичната тестенина е богат со влакна и помага во чистење на телото, исфрлајќи ги токсините. Тестенината има мал гликемиски индекс (40), што го намалува ризикот од добивање дијабеис тип 2.

За вечера: Поради тоа што тестенините воглавно се послужуваат со месо, тие се висок калориски оброк. Подобро е за вечера да се консумира храна која е богата со нутриенти, но кои се нискокалорични.

6. Тиквички

За вечера: Тиквичките се одличен извор на влакна, кои се добри за чистење на цревата.

За појадок: Наутро телото нема доволно вода. Поради тоа што тиквичките имаат силно диуретско дејство, можат да доведат до дехидратација на организмот.

7. Домати

За појадок: Органските киселини пронајдени во доматите ги олеснуваат дигестивните процеси и ја регулираат функцијата на панкреасот.

За вечера: Големите количини оксална киселина во доматите имаат негативен ефект на водено-солениот метаболизм, па јадењето домати за вечера може да доведе до отекување.

8. Компири


За појадок:
Скробот од компирите го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Исто така е богат со минерали, кои му се потребни на телото.

За ручек и вечера: Компирите имаат 2-3 пати повеќе калории од сите други зеленчуци, затоа не се препорачува навечер да се јаде голема количина.

9. Банани


За ручек:
Бананите се богати со влакна, што е одлично за подобрување на варењето и намалување на желудочната киселина.

За вечера: Консумирањето банани за вечера може да ја наруши работата на дигестивниот систем, што може да доведе до лачење слуз.

10. Јаболки

 

За појадок: Пектинот кој се наоѓа во јаболките помага во работата на цревата и ги отстранува канцерогените материи.

За вечера: Јаболките ја зголемуваат стомачната киселина, што доведува до непријатно чувство во стомакот. Пектинот, исто така, тешко се вари, посебно навечер.

11. Сирење


Рано наутро:
Кога се јаде во одредени количини, сирењето може да ја намали надуеноста и зголемувањето на тежината.

За вечера: Сирењето тешко се вари, па ако се јаде доцна навечер може да доведе до лошо варење.

12. Шеќер


За појадок:
Калориите од шеќерот полесно ќе се сварат ако се јаде слатко за појадок.

За вечера: Шеќерот го иритира дигестивниот тракт и доведува до зголемување на нарушувањата во спиењето. Премногу шеќер исто така доведува и до зголемување на телесната тежина.

13. Ориз

За ручек: Оризот е богат со јагленохидрати, па дава енергија во текот на целиот ден.

За вечера: Оризот го поттикнува дебелеењето.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина