Внимаваме на својата кожа, купуваме нови креми и лосиони, но ако и понатаму состојбата не се подобрува, можеби не саботираат нашите секојдневни навики, кои долготрајно можат да и штетат на кожата.

1. Премногу консумираме слатко, кафе или солено?

Ако ни редовен пилинг, чистење и маска не помагаат, а кожата и понатаму е полна со мозолки, причината можеби се крие во неправилната исхрана. Претерувањето со шеќер, алкохол, сол и кофеин најпрво се забележува на лицето. Кофеинот и солта ја сушат кожата, поради што кожата се лупи и склона е на пукање, а со тоа и на брчки. Алкохолот ја дехидрира кожата и доведува до воспаленија, па затоа таа е склона на лупење. Слично важи и за шеќерот. Храната која е богата со шеќер го уништува колагенот, ја намалува еластичноста на кожата и го зголемува ризикот од рана појава на брчки.

2. Го чистиме чицето повеќе отколку што е потребно

Чистењето е неопходно за убава кожа, но не би требало да се претерува, посебно доколку се има сува кожа. Претераното чистење ги вади природните масла од површината на кожата, кои и даваат влажност. Оние кои имаат сува и чувствителна кожа, најдобро е пред спиење да ја чистат кожата со кремаст тоник или тоник кој е на база на масла, а наутро да го мијат лицето само со вода.

Кожата е доволно да се исчисти само со тоник еднаш дневно, бидејќи така ќе се задржат на неа сите добри масла.

3. Пилинг кој не ни одговара

Пилинзите треба да бидат нежни за кожата, но ако предизвикуваат чешање и црвенило, тоа значи дека ги вадат природните масла од кожата и најдобро е да се сменат. Пример за таков пилинг се оние со поголеми зрна и семки, кои иритираат и предизвикуваат воспаленија, па кожата се лупи. Тоа најчесто доведува до затнување на порите, а не до чиста кожа. Најдобро е да се користат нежни пилинзи со микро зрна или шеќер еднаш до два пати неделно или оние кои се на база на млечна киселина, и тоа најмногу еднаш неделно.

4. Премалку спиеме

Помалку од седум часа сон ја прави кожата безживотна, а брчките повеќе видливи од обично. Кожата може да закрепне од повремени бессони ноќи, посебно ако сме млади, но со годините овој процес на обнова забавува. Сјајното светло од ТВ -екраните го намалува нивото на мелатонин, хормонот кој го регулира внатрешниот часовник. Тоа го забавува обновувањето на клетките на кaqожата и го поттикнува појавувањето на брчките. Кај несоница помага топла бања или туш, кои го смируваат телото.

5. Не ја вадиме шминката пред спиење

Невадењето на шминката пред спиење го поттикнува затнувањето на порите, иритацијата на кожата и очите, па дури и воспалението на кожата. Во ситуации кога се нема време за тоа, како оние по ноќни излегувања, доволно е на ноќното масиче да се има при рака влажни шамивчиња за вадење на шминка, со кои за брзо време ќе ја извадиме сета шминка. Најдобар избор се оние без алкохол и мирис, бидејќи не ја сушат ниту надразнуваат кожата.

6. Пушиме

Пушењето ја прави кожата жолтеникава и ја намалува нејзината еластичност поради намалувањето на колагенот. Сепак, добра вест е дека лицето се поправа две недели по престанување со пушењето. Се подобрува структурата на кожата, а и се враќа и нејзиниот природен сјај.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина