Се работи за најдобриот и најценет напиток, наменет за оние кои ги измачува главоболка и чувство на потиштеност. Имено, истражувачите од Флорида откриле дека маслото од лаванда делува одлично при намалување анкциозност. Исто така, намалува депресија, ги решава проблемите со несоница, а им помага и на оние кои имаа проблеми со главоболка, мамурлок и синуси. Чистото масло од лаванда е едно од најблагите етерични масла, но и едно од најмоќните, што го прави омилено.

 

Содржи повеќе од 150 активни состојки и го карактеризираат неверојатно противоспалителни, антидепресивни, антисетични, антимикробни, аналгетски, детоксификациски и седативни својства.

 

Затоа, еве рецепт за овој супер корисен напиток:

 

Состојки:

 

  • сок од 4 лимони,
  • неколку капки есенцијално масло од лаванда,
  • една лажица сушени цветови од лаванда,
  • 7 филџани топла вода,
  • ¾ шолја мед

 

Подготовка:

 

  1. Водата се зоврива, се трга од огнот и во неа се ставаат сувите, иситнети цветови од лаванда.
  2. Се додава мед кога малку ќе се олади водата.
  3. Се остава да остои поклопено околу половина час.
  4. Се цеди, па му се додава лимоновио сок, остатокот од водата и капките есенцијално масло од лаванда.
  5. Се добро се меша.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина