Безброј жени се борат со симптомите на ПМС, кои се јавуваат пред секој месечен циклус, а кои можат да вклучуваат силни грчеви и главоболки, промени на расположението, анкциозност и депресија.

Истражувањата покажуваат дека одредени намирници можат да помогнат кај многу симптоми на ПМС. Пробајте ги овие 6 намирници кога следниот пат ПМС ќе почне да ви го загорчува животот.

 

Путер од кикиритки

Кикиритките и путерот од кикиритки се многу важна алатка за добро расположение. Кикиритките се богати со витамин Б6 и магнезиум. Магнезоумот помага да се подобри расположението со регулирање на серотонинот, кој помага во борбата против депресијата. Витаминот Б6 исто така му помага на телото да произведува мелатонин – хормон кој помага да се регулира функцијата на спиењето. Зголемениот внос на магнезиум, калциум и витамин Б6 може да помогне со грчевите.

 

Свинско и грав

Свинското и гравот се богати со витамин Б, итиамин и рибофлавин, кои можат да го спречат настанокот на ПМС. Исражувањето на Универзитетот во Масачусетс, САД, покажало дека оние жени кои дневно консумирале по 1,9 милиграми тиамин и 2,5 милиграми рибофлавин, имале помал ризик од развој на ПМС.

 

 

Спанаќ

Ако патите од акни поврзани со ПМС, обидете се да јадете повеќе спанаќ. Овој лисјест зеленчук е полн со витамин А, кој помага во борбата против акните, сувата кожа и штити од УВ-зраците. Спанаќот исто така е добар извор на калциум, кој според една голема студија ги намалува ПМС симптомите, како што се главоболки, грчеви, промена на расположението и желба за храна.

 

 

Лосос

Немате енергија? Под стрес сте? Одберете лосос! Лососот богат со омега-3 масни киселини, помага во поправање на доброто расположение и функцијата на мозокот. Со толку многу витамин Б во себе, може да ви даде и енергија. Поврзете го тоа со високото ниво на витаминот Д и ќе добиете оброк кој помага да се намалат стресот и напнатоста.

 

 

Црна чоколада

Ако копнеете по црна чоколада, јадете ја слободно. Богата е со антиоксиданси и ја зголемува циркулацијата. Го намалува крвниот притисок и е полна со магнезиум, кој помага кај замор и раздразнетост.

 

 

Банани

Некои жени патат од грчеви два дена на почеток од месечниот циклус. Обидете се да додадете една или две банани во јадењето. Тие се богати со калиум, кој е одличен во борбата против грчевите.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина