Здравата исхрана не би требало да биде комплицирана. За да се олсени сето тоа, погледнете во продолжение кои намирници ќе ни го подобрат здравјето.

Соред советите на нутриционистите, ова се најздравите намирници со кои треба да го збогатиме своето мени , а со нив предлагаме и во кои јадења може да се користат.

 

Банана – ова тропско овошје е исклучителен извор на калиум кој го штити срцето, а со тоа го засилува лачењето на допаминот, сератонинот и норепинефринот. Почестете се со смути подготвено од банани, цитруси и овес.
Малини – исклучително се богати со нутритиенти кои спречуваат разни болести, покрај тоа го спречуваат стареењето и штитат од дебелеење. Подгответе салата од малини и сино сирење.

 

Портокали – знаеме дека тие се силен извор на витаминот Ц, но малкумина знаат дека во кората на портокалите се наоѓа херперидин, кој го намалува холестеролот и високиот крвен притисок. Оне кои се доволно храбри, може да си подготват салата од портокали, домати и кромид.
Киви – малите зелени овошја содржат уште повеќе витамин Ц од портокалите, а покрај него и витамин Е и полифеноли, кои се силни антиоксиданси. Студено предјадење од ракчиња, лук и киви е многу здраво и освежително.
Нар – со сосема малку калории се добива многу витамин Ц и калиум. Нарот го намалува ризикот од добивање рак. Подгответе џем од нар и круши.

 

Боровинки – покрај тоа што го чуваат видот и го намалуваат нивото на шеќер, овие бобинки се одлични за когнитивните процеси и го подобруваат помнењето. Подгответе овесна каша со маскарпоне, лимон и боровинки.

 

Грејпфрут – со ова овошје полесно ќе ослабнете, ќе ја исчистите кожата, ќе го повратит балансот на дигестивниот тракт и помалку ќе се заморувате. Тој е одлична превентива против канцерот и срцевите болести. Со скара на жар подгответе салата од грејпфрут, праски и нане.

Мандарини – во овие малечки портокалови овошја се наоѓаат повеќе антиоксиданси отколку во портокалите. Тие се и силен извор на лутеин и зеаксантин, кои се борат против катаракта и разни други нарушувања на видот. Подгответе салата од мандарини, авокадо и семки од тиква.
Домати – овој силен антиоксиданс е исклучително богат со ликопен, супстанција која се бори храбро против канцерот и ги штити ДНК клетките. Супа од домати и босилек ќе виде одличен погодок.
Печурки –малкумина знаат дека печурките се богати со антиоксиданси, кои се одлична певентива против канцерот, како и дека се најголем извр на витамин Д. Почестете се со паста од жалфија и печурки.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина