Термичката обработка на храната ги убива бактериите, но може да има и негативни последици поради тоа што со готвењето некои намирници развиваат штетни токсини, кои можат да предизвикаат мачнини и гастроинтестинални проблеми.

 

Уште полошо е ако сте ја оставиле храната и подоцна ја подгревате. Некои честици од храната се таложат во нашиот организам, а последиците од тоа можат да бидат дури и рак.

 

Еве која храна е добра да се јаде студена:

 

Пуканки од микробранова

 

Ваквиот начин на подготовка на пуканките и не е толку здрав, па затоа е подобро да се прават на стариот добар начин – во тенџере. Стручњаците предупредуваат дека вреќичките во кои се спакувани пуканките за микробранова се премачкани со кислеина која може да предизвика рак.

 

Препечена храна

 

Хемиската реакција која се јавува кога храната се обработи премногу термички создава акриламид, соединение кое ги оштетува нервите. Најголема опасност се заканува кога ќе го препечете тостот или некое месо.

 

Зеленчук богат со нитрати

 

Бактериите во устата се претвораат во нитрати и нитрити кои се добри за организмот затоа што делуваат противвоспалително и го подобруваат протокот на крвта кога е тоа потребно. Меѓутоа, некои стручњаци велат дека премногу нитрити може да биде канцерогено. Се работи за тоа што оваа реакција се случува при готвење на таквиот зеленчук и секој пат кога го подгревате. Подобро е да го јадете сиров. Тука спаѓаат целерот, репката, спанаќот, лисјестиот зеленчук, празот, зелката и други.

 

 

Ориз

 

Ако сварениот ориз го оставате на собна температура, тој развива спори на бактерии кои можат да доведат до гастроинтестинални проблеми, па дури и труење. Затоа секогаш ставајте го во некој сад и ставете го во фрижидер.

 

Јастог

 

Јастоците се готват живи, исто како и школките. Тие имаат во свите тела штетни бактерии. Кога јастогот е мртво, тие бактерии многу брзо се размножуваат и ослободуваат токсини кои можат да се уништат само со варење.

 

Масло

 

Користењето на исто масло повеќе пати и не е толку безопасно како што изгледа, бидејќи така се развива токсичен спој 4-хидрокси-транс-2-ноненал, кој се поврзува со срцевите болести, мозочнот удар, ракот и Паркинсоновата болест.

 

Компир

 

Ниту термички обработените компири не би требало да се оставаат вон фрижидер, бидејќи може да предизвикаат труење.

 

Пилешко

 

Пилешкото не е опасно само поради салмонелата. Циклусот на варење-ладење-повторно загревање ги разградува протеините, па може да предизвика болки во гастроинтестиналниот дел. Најдобар начин да се искористат остатоците пилешко е од нив да се направи ладна салата.

 

 

Јајца и печурки

 

Јајцата и печурките исто така не е добро да се подгреваат, бидејќи ќе создадат микроорганизми кои можат да бидат погубни за организмот. Или фрлете ги или изедете ги студени.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина