Многу причинители за настанување на ракот се наоѓаат во нашата околина, а индустриски обработената храна е една од нив. Најдобра стратегија е нејзиното одбегнување и купувањето органски намирници, кои можат многу да помогнат за лекувањето или пак за превенцијата на разни видови рак. Одредени намирници содржат бројни витамини и минерали кои можат да го зајакнат организмот и да го намалат ризикот од развивање на оваа опасна подмолна болест. Еве кои се спаѓаат тука.

Јаболки

Американските научници откриле за време на една студија спроведена во 2007 година, на Универзитетот Корнел, дека соединението под име терпен, кое се наоѓа во лушпата на јаболките, може да ги спречи или убие постоечките клетки на ракот и да го спречи нивното понатамошно размножување. Ова соединение е посебно ефикасно против рак на дебелото црево, црниот дроб и дојките.

Зелен чај

Зелениот чај, кој е богат со антиоксиданси полифеноли, е одличен антиканцероген напиток, за кој научно е докажано дека делува позитивно на клетките на ракот, спречувајќи го нивниот раст и ширење. Зелениот чај содржи EGCG (епигалокатехин галат), силна антиоксидативна материја која го стопира ензимот DHFR (дихидрофолат редуктаза) и со тоа го забавува развојот на ракот, на кој инаку делуваат антиканцерогените лекови. Разни истражувања потврдиле дека зелениот чај е ефикасен во борбата со леукемијата, ракот на дојката, ракот на простатата, бубрезите, кожата и устата.

Витамин Д

Витаминот Д сам по себе не е храна, туку прохормон кој го спречува растот на ракот. Многу студии покажале дека витаминот Д е многу ефикасен во процсот на намалување на ризикот од рак на цревата и дојките и шанса за преживување при рак на белите дробови. Намирници кои се најбогати со витамин Д се: сомот, лососот, сардините и скушите. Исто така, редовното изложување на сонце помага во спречувањето на добивање карцином на дојка, дебело црево или на ректум.

Зеленчуци од семејството на зелката

Листата со вакви зеленчуци е огромна. Тука спаѓаат, меѓу повеќето и како најефикасни во борбата со ракот и неговата превенција: брокулата, зелјето, келерабата, карфиолот, ротквиците и зелката. Тие содржат во себе диндолиметан, сулфорафан и селен.

 

Соја

Сојата содржи фитохемиски молекули кои ги уништуваат механизмите нужни за опстанок и ширење на ракот. Се работи за изофлавони кои кога ќе стигнат во крвта го оневозможуваат развојот и ширењето на малигните тумори. Тие првенствено делуваат кај оние тумори кои се предизвикани од хормонални нарушувања, како што е ракот на дојката.

Мешунки

Мешунките, исто така, содржат големи количини фолати. Луѓето кои во исхраната немаат доволно фолати имаат зголемен ризик за добивање на рак. Мешунките кои се најбогати со овие соединенија се: гравот, леќата и леблебијата. Истражувањата покажуваат дека зголемениот внес на мешунки го намалува ризикот од настанок на разни видови рак, како што се ракот на желудник, на дебелото црево, на простатата и на белите дробови. Гравот и леќата содржат многу фитохемикалии кои го забавуваат или го спречуваат оштетувањето на ДНК предизвикано од ракот.

Печурки

Лековитите печурки веќе со векови се користат во древната источна медицина, бидејќи содржат единствени антивирусни, антимикробни, противвоспалителни како и антиканцерогени својства. Бројни истражувања потврдиле дека печурките имаат клучна улога во придвижувањето на апоптозата, процес на убивање на клетките на ракот. Јапонските печурки шитаке, маитаке, каваратаке и енокитаке содржат во себе лентинан, кој одлично го стимулира имунолошкиот систем. Истражувањата имаат покажано дека бројот и активноста на имунолошките клетки под влијание на овие печурки значително се зголемуваат, дури и во внатрешноста на самиот тумор.

 

Тагови: Исхранарак
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина