Одличниот секс е всушност стил на животот. Не е доволно само да правите некои романтични дреболии, туку треба да се свртите малку и кон исхраната, со цел да го подобрите. Волшебниот збор гласи: природни афродизијаци. Од тука, афродизијак е сето она кое ни го јакне половиот нагон или не возбудува. Примери има многу: малку морско оревче како зачин на јадењата, аспарагус како прилог или пралини за десерт. Парнерот може во кревет да ве храни со бонбони, а вие можете да го мачкате него со масло од ванила, чиј мирис е ефикасен афродизијак. Сепак, треба да се знае и дека најсилниот афодизијак е секогаш во нашата глава. Еве кои се други намирници можат да ви помогнат како природни афродизијаци.

1. Црвен кромид

Иако здивот нема да ви мириса убаво по консумирањето на оваа намирница, сепак се препорачува за предигра, бидејќи ги зајакнува репродуктивните органи и го зголемува нивото на тестостерон, кој влијае на либидото и кај мажите и кај жените.

2. Лук

 

luk

 

Колку и да е здрав, со него постои истиот проблем како и со црвениот кромид. Меѓутоа, лукот содржи во себе алицин, кој ја повишува температурата на телото и го зголемува нивото на тестостерон. Корисен е за сексуална издржливот, а бодибилдерите го користат и за зголемување на мускулната маса.

3. Кајенски пипер

 

kajen

 

Ова е корисен зачин во сексуален поглед – содржи капсицин, кој ја подобрува циркулацијата, па поради тоа е корисен за ерекцијата.

4. Урми

Урмите се богати со аминокиселини кои ја зголемуваат сексуалната

издржливост. Во северниот дел на Африка многу ги користат како афродизијак.

5. Смокви

 

smokvi

 

Смоквите се богати со аминокиселини и делуваат како афродизијак. Освен тоа, самиот нивен мирис и текстура се многу секси.

6. Гоџи бобинки

Популарно уште се нарекуваат и црвени дијаманти или среќни бобинки. Оние кои редовно ги консумираат се чувствуваат одлично – и физички и психички. Тие делуваат на сексуалното расположение и го подигаат нивото на тестостерон, а со самото тоа ја зголемуваат и желбата за секс.

7. Лосос и туна

 

losos

 

Бројни истражувања имаат потврдено дека рибите како што се лососот и туната играат важна улога во зголемувањето на машката плодност. Тие го подигаат нивото на допамин, кој се излачува во текот на оргазмот. Имено, со зголемено излачување на овој хормон се подобрува расположението на луѓето и тие се чувствуваат поопуштено.

8. Аспарагус

Изгледа како фалусен симбол, а и навистина е прворазреден афродизијак. Аминокиселината аспаргин која ја содржи во себе ја подобрува циркулацијата на органите во малата карлица.

9. Целер

Народот верува дека е добар лек за импотенција и губење на сексуалната желба. Во целерот, наводно, се наоѓаат супстанции слични на хормоните, кои ги будат и нашите сопствени хормони.

10. Васаби

Ова е зелен, лут сос кој се сервира со суши. Јапонците веруваат дека прави чуда. Затоа, ако имате романтична вечера со партнерката/партнерот во ресторан во кој служат суши, порачајте дупла порција.

11. Кавијар

Се смета дека ја буди сексуалната желба, а во комбинација со вотка, уште повеќе.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина