Денес многумина имаат проблеми со дигестијата и со желудочни болки, а станува збор за непријатна состојба, посебно не ако е проследено со мачнини, болки, пролив и т.н. За среќа, постојат одредени начини кои ќе ви помогнат да ги ублажите цревните проблеми или целосно да ги одбегнувате. Синдромот на вознемирен желудник е често поврзан со погрешниот начин на исхрана, а овие се намирниците кои треба да ги вклучите во исхраната ако имате чувствителен желудник.

Ако имате често цревни проблеми, секако е добро да се консултирате со доктор и со нутриционист. Одбегнувајте масна и премногу зачинета исхрана, алкохол и кофеин, а кафето заменето го со растителни чаеви. Кога имате болки во стомакот, најдобро е да се придржувате до поедноставна исхрана.

Банани

 

Бананите често им се препорачуваат со оние кои имаат цревни проблеми и тоа со причина – заситуваат, а се лесно сварливи и нема дополнително да го надразни желудникот.  Освен тоа, бананите делуваат поволно на стомакот, бидејќи содржи пектин, кој ја придвижува природната работа на цревата.

 

Папаја

Уште едно егзотично овошје кое добро за синдромот на вознемирен желудник е папајата. Папајата поттикнува дигестија и ги олеснува дигестивните пречки. Содржи ензими кои делуваат поволно на цревната флора. Освен папајата во природен облик, постојат и таблети со екстракт од папајата, кои ги ублажуваат цревните проблеми.

Бел ориз

При надразнат желудник, најдобро е да се придружувате до поедноставна и полесна исхрана и во менито да се вклучат намирници како што се бел ориз, тост или варен компир. Тие намирници се лесни и лесно сварливи, па нема допопнително да ги отежнат надразнетите црева. Особено се препорачува кај проливи.

Ѓумбир

Истражувањата покажале дека жумбирот помага при мачнини и делва поволно врз дигестијата. Се препорачува да се јаде ѓумбир при желудочен грип или труење со храна. Ѓумбирот може да се консумира во облик на чај или дури во прав, а ќе помогне и џвакање на свеж ѓумбир кога имате болки во стомакот.

 

Сок од јаболки

Како и со бананите, исто така и јаболките се добар извор на пектини и помагаат при пролив. Ако имате проблеми со цревата, јаболките треба да се јадат сварени, бидејќи на тој начин нема дополнително да го отежнува варењето. Варените или печени јаболки можете да ги зачините со цимет, кој е исто така добар за дигестијата.

 

Растителен чај

Освен смирувачки ефекти, шолја топол чај ќе помогне и при надразнети црева. При болки во стомакот најдобро е да се пијат растителни чаеви, како што е камилица и мента, кои помагаат вознемирен желудник, а поради своите опуштувачки ефекти ќе ви помогне да се ослободите за стресот и напнатоста во телото.

 

Јогурт

Иако повеќето млечни производи се тешко сварливи, обичниот јогурт може да има сосема спротивен ефект. Најдобро е да одберете пробиотик кој содржи добри бактерии, бидејќи ќе делуваат поволно на цревната флора и ќе го намалат непријатното чувство на надуеност.

 

 

Тагови: желудник
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина