Намирници кои не смеат да се јадат при хипотиреоза
Исхраната игра важна улога и затоа обидете се да ги одбегнувате следниве намирници ако имате хипотиреоза.
Храна која содржи соја
Некои истражувања велат дека сојата може да ја попречува способноста за апсорбирање на лековите за лекување состојби поврзани со штитната жлезда. Поради тоа ќе мора да почекате четири часа по внесувањето храна која содржи соја пред да ја земете терапијата.
Зеленчук како што се брокулата и карфиолот
Брокулата и зелката се богати со влакна и хранливи материи, но можат да го попречуваат лачењето на хормонот на штитната жлезда ако имате недостиг на јод. Ограничете го консумирањето на зелка, кењ, репка и брокула, бидејќи овие намирници можат да ја попречат способноста на штитната жлезда да го искористи јодот, кој е неопходен за нормална функција на оваа жлезда.
Ако имате хипотиреоза и недостиг на јод, постојат некои работи кои можете да ги направите за овој зеленчук да биде помалку штетен за вас. Варете го и дневно не консумирајте од него повеќе од 140 грама. Се чини дека оваа количина нема штетно влијание врз функцијата на штитната жлезда.
Глутенот од лебот, тестенините и оризот
Натписот објавен во јули 2017, во списанието Endocrine Connections, вели дека хипотиреозата и целијакијата често се присутни заедно. Истражувањата се уште не покажале дека исхраната без глутен може да лекува состојби на штитната жлезда.
Ако се решите да јадете глутен, секако одберете леб, тестенини и ориз од цело зрно, бидејќи содржат влакна и други хранливи материи. Можат да ја подобрат работата на цревата, бидејќи запекот е чест симптом на хипотиреозата. Не земајте лекови против хипотиреоза неколку часа пред и по храна богата со влакна.
Масна храна како путер и пржена храна
Мастите ја намалуваат способноста на телото да ги апсорбира лековите за надоместување на хормонот на штитната жлзда, тврди докторка Стефани Ли од Бостон Медикал центарот во Бостон, САД. Мастите исто така можат да ја попречат способноста на штитната жлезда да произведува хормони. Некои доктори препорачуваат одбегнување пржена храна и намалување на консумирањето масто од путерот, мајонезот, маргаринот и масното месо.
Храна богата со шеќер
Хипотиреозата може да предизвика забавување на метаболизмот. Тоа значи дека полесо ќе трупате килограми. Најдобро е да се намали количината на шеќер или целосно да се елиминира од исхраната.
Готови и замрзнати оброци
Преработената храна обично има во себе многу нариум, а оние кои имаат хипотиреоза треба да го одбегнуваат натриумот. Прочитајте ја декларацијата на пакуваната храна за да ја пронајдете онаа која има најмалку натриум. Ако имате зголемен ризик за зголемен крвен притисок, ограничете го натриумот на 1.500 милиграми дневно.
Вишок влакна, мешунки и зеленчук
Влакната се добри, но премногу влакна може да го комплицира лекувањето на хипотиреозата. Возрасните треба да внесуваат 20 до 35 грама влакна дневно. Количините влакна од цели житарки, зеленчукот, овошјето, гравот и мешунките кои го минуваат тоа ниво влијаат на дигестивниот систем и можат да ја попречат апсорпцијата на лековите.
Кафе
Утврдено е дека кофеинот ја блокира апсорпцијата на заменските хормони на штитната жлезда. Земајте ги овие лекови со вода, а никако со кафе. Кафето испијте го барем половина час по земањето на лековите.
Алкохол
Консумацијата на алкохолот може да влијае на нивото на хормонот на штитната жлзда во телото и способноста нејзина да произведува хормони. Се чини дека алкохолот има токсичен ефект врз штитната жлезда и ја намалува способноста на телото да ги користи хормонитена штитната жлезда.