Неуспехот во кревет на сите нас ни се има случено. Причините можат да бидат различни. Но, постои нешто очигледно, на кое понекогаш не обраќаме внимание. Одамна е познато дека храната која ја консумираме влијае врз либидото. Широко се познати производите кои ја подобруваат сексуалната желба. Но, има и такви кои предизвикуваат спротивен ефект. Тоа посебно се однесува на исхраната на мажите, бидејќи погрешната храна може да ја намали количината на тестостеронот. Но, и жените исто така треба внимателно да ги користат овие намирници.

Соја

Сојата поради зголемената содржина на протеини може да ги замени производите од животинско потекло – месото, млекото и путерот. Сојата му помага на метаболизмот и е корисна за дијабетичарите кои боледуваат од кардиоваскуларни болести. Но, постои и негативна и непријатна страна на сојата. Таа ја убива сексуалната желба. Според една неодамнешна студија, сојата има најлош ефект врз жените. Нутриционистите препорачуваат да не се консумираат повеќе од 120 милиграми соја (соино млеко, тофу, сосови) дневно. Оние кои планираат да станат родители, треба во целост да се откажат од овој производ.

Црвено месо

Црвеното месо може да содржи хормони и антибиотици, кои имаат негативно влијание на развојот на човековите хормони. Сексолозите им препорачуваат на своите клиенти да го намалат консумирањето на говедско и свинско месо, бидејќи оваа храна може да доведе до непријатности во креветот.

Бел леб

Од брашното се подготвува храна богата со јагленохидрати, која не е најдобро решение, не само за фигурата, туку и за либидото. Поради апсорпцијата на шеќерот, љубителите на брашното можат да почувствуваат ненадејна енергија, но ова не е погодно за ,,врел,, секс во креветот.

Алкохол

Претераната консумација на алкохол има директно влијание на намалување на либидото и е смртоносен е на подолги патеки. Алкохолот влијае на репродуктивните функции на мажите и жените, го намалува производството на спермата и јајчните клетки.

Масна храна

Храната со висока содржина на масти предизвикува тежина во стомакот и ја намалува сексуалната желба. Покрај тоа, го зголемува холестеролот и може да доведе до развој на артериосклероза. Уште една препорака од нутриционистите е да не се јадат големи количини храна пред водење љубов. Подобро е да се води љубов на празен стомак, затоа што така помалку ќе има неуспех.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина