Одделни намирници треба да одбегнувате да јадете, а некои други да ги јадете во што поголеми количини. Исхраната против акни и мозолки подразбира исклучување на одредени намирници од исхраната и зголемување на внесувањето на разни витамини и минерали, кои помагаат во намалувањето на маснотиите на кожата и го спречуваат настанувањето на акните и мозолките.

Намриници кои можат да го ублажат овој проблем се оние кои се богати со цинк, како што се бадемите и остригите, како и зеленчукот – морковите и спанаќот. Имено, цинкот има важна улога во регенерацијата на клетките, односно тој го нормализира нивото на андрогените и естрогените во организмот и помага во зараснување на кожното ткиво. Витаминот Ц, исто така, има важна улога во зараснувањето со своите противоспалителни и антиоксидациски својства. Овој витамин го активира одговорот на имунолошкиот систем и ја поттикнува детоксификацијата на организмот.

Витаминот Б6 е пресуден за работата на хормоналниот систем и за создавање на кожно ткиво. Овој витамин посебно им се препорачува на оние кај кои акните се влошуваат за време на предменструалниот период. Витаминот А, односно ретинолот, е одговорен за градење и обнова на клетките на кожата, бидејќи делува како антиоксиданс, кој ја штити кожата од оштетувања. Го потпомага работењето на имунолошкиот систем, делувајќи противвоспалително. Покрај се, намирниците богати со есенцијални масни киселини ја одржуваат кожата мазна и мека и ги разложуваат масните наслаги кои ги блокираат порите.

Интегрални житарки

Што се однесува до житарките, одбирајте ги оние од цело зрно, бидејќи за време на преработката не им се одземаат влакната и другите хранливи материи. Тие имаат повеќе нутритивни предности и попозитивно влијание на нивото на шеќер во крвта во однос на рафирнираните житарки, како што е белото брашно. Одделни истражувања докажале дека нискогликемиската исхрана може да ја спречи појавата на акните. Овие намирници можат да влијаат врз статусот на хормоните (пред се кај жените) и така да влијаат позитивно на намалување на воспаленито на акните. Затоа потрудете се да јадете ржан леб, житарки од цело зрно, овесни снегулки, киноа, брашно од хељда и кафеав ориз

Месо и морски производи

Немасното месо и морските плодови се богати со цинк, кој го забрзува зараснувањето на раните, го јакне имунитетот и го поттикнува физичкиот развој. Воведете во својата исхрана остриги, говедско и пилешко месо, кои се богати со овој минерал.

Риба

Морската риба, како што се лососот, туната или скушата се богат извор на омега – 3 масни киселини – здрави масти за кои се докажано дека ги намалуваат воспалителните процеси во организмот. Овие масти помагаат да се ублажи воспалението на кожата предизвикано од затворање на порите и на тој начин ги миниминизираат симптомите на акните.

Зеленчук

Морковите и нивниот сок се богат извор на витамин А и бета – каротен. Витаминот А може да обезбеди ефекти слични на оние на ретинолот, кои најчесто се користат во третманот со акни.

Потоа тука е зелениот зеленчук. Половина филџан варен спанаќ обезбедува 230% од препорачаната дневна доза на витамин А кај возрасните. Иста количина варен кељ обезбедува 190% од овој витамин.

Зелен чај

Многу стручњаци велат дека зелениот чај е исклучително корисен за отстранување на акните. Овој чај содржи голем број полифеноли, кои заедно со хербалните антиоксиданси помагаат во лекувањето на акните и ја спречува нивната повторна појава.

Брза (мрсна) храна

Овие намирници се полни со заситени масни киселини, кои можат да бидат лоши за оние кои се склони кон акни. Преголемата количина масти доведува до повишен крвен притисок и зголемено ниво на шеќер во крвта, а со самото тоа и до појава на акни и мозолчиња.

Млеко и млечи производи

Млекото е одличен сојузник кој му обезбедува на организмот калциум за јакнење на коските и зглобовите, но биорасположливите хормони во него го стимулираат лачењето на масти, кое го поттикнува појавувањето на акните.

Шеќер

Високото ниво на шеќер во крвта ги ослабнува сврзните кожни ткива, како што е колагенот, па поради тоа кожата станува подложна на појава на брчки и други неправилности. Затоа треба да се одбегнуваат скробни намирници, како што се леб, тестенини, колачи, засладени пијалоци и пченкарен сируп.

Кофеин

Кофеинот предизвикува појава на акни, бидејќи тежнее да ги ослободи хормоните на стрес на надбубрежната жлезда, а тоа не е добро за кожата.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина