Иако во борбата против непријатните мириси најчесто бараме помош во козметичките третмани, подобар ефект може да се постигне ако ги смените животните навики. Една од нив е и исхраната. Еве кои намирници најдобро помагаат во намалување на потењето.

Одбегнувајте кафе, цигари и алкохол

Алкохолот ги проширува крвните садови, со што се зголемува температурата на телото и се зголемува потењето, додека кофеинот, и во помала мерка никотинот, но и премногу зачинетата храна, ги активираат потните жлезди. Затоа за време на тропските жештини потребно е да се консумираат ледено кафе без кофеин или леден чај, а навечер да се одбегнуваат цигари и пијалоци со висок процент на алкохол.

Етерична масла

Етеричните масла од чемпрес, црн ким и чајно дрво без додаток на хемиски средства можат да помогнат во отстранувањето на овој, за многумина, многу силен стресен проблем. Маслото од чемпрес, имено, има антибактериско и смирувачко делување, па е одличен избор при проблемот со потењето, а чајното дрво освен што го отстранува потењето кај нозете помага и во решавањето на проблемите со ганичните инфекции и разни бактерии и вируси. Маслото од црн ким, исто така, помага при габичните и бактериските заболувања, а се нанесува директно на кожа и под пазувите.

Маслиново масло

Маслиновото масло, посебно во текот на летната сезона, треба да се користи како единствен додадок во салатите и варивата, бидејќи изобилува со антиоксиданси и полесно се вари од другите растителни масла. А, треба да се одбегнуваат маргарините и сончогледовите масла, бидејќи при нивна подготовка на високи температури тие се претвораат во штетни состојки кои телото ги исфрла во облик на токсини преку порите на кожата.

Храна богата со влакна

Храната богата со влакна, како што се бобинките, јаткастите плодови, лиснатиот зеленчук и житарките во текот на летото треба да сочинуваат 90% од дневните оброци. На овој начин лачењето на потните жлезди ќе се намали на минимум.

Јадење повеќе риба

Црвеното месо треба да се замени со риба. Треба во што поголеми количини да се консумира лосос и сардини, кои содржат поголеми количини калциум, кој помага во намалување на потењето. Идентично дејство имаат и портокалите и брокулата, па затоа требаат овие намирници што почесто да бидат застапени на трпезата.

Чаеви

Освен што се препорачува да се пијат чаеви во текот на летната сезона во што поголеми количини за да се спречи дехидрација на организмот, тие се препорачуваат и за да се намали прекумерното потење. Притоа, најдобро е во големи количини да се пие зелен чај, најдобро наутро, на гладно. Освен за пиење, тој е добар и за миење раце, стапала и пазуви, со цел да се отстранат непријатните мириси, но и да се намали потењето.

Јаболков оцет

Консумирањето на јаболков оцет не само што помага во одржување на витката линија и исфрлањето на токсините од организмот, туку може да помогне и за намалување на лачењето на потните жлезди. Десет милилитри јаболков оцет се меша со 20 милилитри вода, а добиената смеса се пие секое утро на гладно, половина час пред појадок. Резултатите нема да изостанат.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина