За срцето постоеше мислењето дека не се регенерира, дека цел живот имаме ,,исто,,срце,,, но истражувањата докажаа дека ,,пумпата,, на организмот може да се обнови и до три до четири пати во текот на животот.

За црниот дроб со сигурност се знае дека се обновува. Неговите клетки живејат околу 150 дена, по што старите ги заменуваат нови и црниот дроб може да продолжи да ја врши својата функција на исфрлање отрови од организмот.

Кожата се обновува на 28 дена, коските за околу 10 години, црвените крвни зрнца живејат околу четири месеци, клетките на цревата се обновуваат на секои три до четири дена, додека мозочните клетки не се регенерираат. Тоа што ќе го добиеме со раѓањето, тоа е.

Здравјето значи и добра регенерација на органите, бидејќи старите клетки треба да се заменат со нив со цел да може да се продолжи животот. Храната е многу важна за ваквите обнови, па корисно е да се знае кои се намирници се од најголема помош.

Обновување на нервите

Постои широк спектар од природни соединенија кои делуваат регенеративно на нервите. Студијата од 2010 година, објавена во Rejuvenation Research вели дека комбинацијата од боровинки, зелен чај и карнозин (се наоѓа во свинското, јунешкото и во рибата) им помага на нервните и матичните клетки кај животните со нервно дегенеративни болести да се регенерираат. Други супстанции со слично дејство се: куркумин (корен од растението куркума), апигенин (соединение кое се наоѓа во целерот, магдоносот и артичоките), боровинки, гинсенг, црвена жалфија, резвратрол (црно вино, црно грозје, црна чоколада), матична млеч (зелен чај), кафе.

Постојат и други супстанции кои помагаат за оздравување на нервите, поправајќи ја обвивката околу нервните клетки на миелинот. И музиката и вљубувањето влијаат позитивно на регенерацијата и закрепнувањето на невроните.

Регенерација на црниот дроб

Глициризинот е соединение кое се наоѓа во коренот на слаткиот корен и кој според една студија се има покажано како одличен стимуланс во регенерацијата кај животните кај кои е хируршки отстрануван дел од црниот дроб. Други супстанции кои помагаат за регенерација на црниот дроб се: карвакрол (од маслото на ориганото), куркуминот (од коренот на растението куркума), гинсенгот (корејски од артичоки), витамин Е (во тофу, спанаќ, бадеми, сончоглед, авокадо, риба, маслиново масло, ракчиња, брокула и тиква).

Регенерација на бета клетките

Бета – клетките произведуваат инсулин во панкреасот. Со следниве соединенија е успешно експериментирано, со цел да имсе помогне на дијабетичарите: црн ким, витамин Д, (риба, кавијар, јајца, сирење), куркумин (од коренот на куркума), аргинин (црвено месо, соја, јајца, морски плодови, сусам), авокадо, горчлива диња, блитва, пченкарна свила, стевија, сулфорафан (брокула, кењ, прокељ, зелка, карфиол).

Хормонска регенерација

Едно од соединенијата кое ги регенерира хормоните, кои ослабнале поради губење на електроните, е витаминот Ц (пиперки, кељ, киви, брокула, јагоди, портокали, грашок). Овој витамин има способност да го поврати обликот и функцијата на естрадиолот (естрогенот, E2), прогстеронот и тестостеронот, поради што може да биде добар додаток или земена за хормонската терапија.

Регенерација на срцевиот мускул

До неодамна се мислело дека мускулното ткиво не е подложно на регенерирање. Но, новите истражувања покажуваат дека постојат соединенија кои ги стимулираат градбените клетки на срцевиот мускул, кои го сочинуваат здравото срцево ткиво. Што да се јаде?

резвератрол (црно вино, црно грозје, црна чоколада)

сибирски гинсенг

Н-ацетил-цистеин (овесни снегулки, свинско, пилешко, пченични никулци, младо сирење)

Регенерација на рскавицата, зглобовите и рбетот

Куркуминот и резвератролот се имаат покажано многу добро при закрепнувањето кај повредите на коскената срж, додека за остеоартритис, дегенеративни заболувања на зглобовите, постои широк спектар на потенцијално регенеративни супстанции кои се наоѓаат во: копривата, рибјото масло и друг намирници кои се богати со витамин Е.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина