Состојки:

 

  • 2 лажици сусам
  • 100 мл. вода, во која претходно ќе се варат леблебиите
  • 1 лажичка вегета
  • 200 грама леблебии
  • 2 – 3 лажици лимонов сок
  • 2 чешниња лук
  • 50 мл. маслиново масло
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • 1/2 лажичка кајен пипер

 

Подготовка:

Исчистените леблебии се оставаат потопени во вода да отстојат 12 часа. Се варат додека да омекнат и се посолуваat по потреба. За тоа време сусамот малку се потпекува во тава без масло и се меле во блендер. Водата во која се вареле леблебиите и во која се додава вегетата се проврива малку и потоа се лади. Леблебиите, заедно со водата, лимоновиот сoк и лукот, исто така се ситнат во блендер, додека да се добие компактна смеса. Потоа во смесата се додаваат маслиновот масло, магдоносот, кајен пиперот и мелениот сусам. Вака подготвениот намаз се остава да се олади во фрижидерот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина