Состојки:
  • 500 гр. домати
  • 2 чешниња лук
  • 5 лажици маслиново масло
  • 3 лажици лимонов сок
  • 2 лажици насецкани бадеми
  • сол
  • црн пипер
  • 1 лажичка насецкан лук власец
  • 1 лажичка насецкан магдонос

 

Подготовка:

Исечете ги доматите на кругови, потпечете ги во тава со една лажица масло и оладете ги. Потоа иситнете ги во блендер и додадете им ги лукот, власецот, магдоносот, солта и црниот пипер, додека не добиете кремаста смеса. На крај додадете ги бадемите. Послужете го намазот со потпечен леб.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина