Состојки:

 

  • голема лименка со бел грав(800 гр.)
  • сок од половина лимон
  • лажици маслиново масло
  • чешне лук
  • 2 лажици вински оцет
  • 1 лажичка сенф
  • Сол и црн пипер
  • 1 лажица свежа мајчина душичка
  • Десеттина ливчиња свеж босилок

 

 

Подготовка:

 

Гравот добро се цеди и се мие. Се микса во блендер заедно со лимоновиот сок, маслиновото масло, оцетот, излупениот лук, сенфот, солта и црниот пипер. Се микса убаво, додека не се добие пире. По потреба, се додаваат 2 – 3 лажици вода. На крај, во пирето се додаваат мајчината душичка и босилекот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина