Состојки:

 

  • 1 голема лименка бел грав (800 гр.)
  • сок од ½ лимон
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици вински оцет
  • 1 лажички сенф
  • сол и свежо мелен црн пипер
  • 1 лажица листови свежа мајчина душичка
  • 10-тина листови свеж босилек

 

Подготовка:

 

Исцедете го гравот од лименка и добро измијте го. Потоа ставете го во блендер, додадете му ги лимоновиот сок, маслиновото масло, излупениот лук, сенфот, солта и црниот пипер по вкус. Миксајте додека не добиете пире. По потреба додадете 1 – 2 лажици вода. Потоа додадете ги листовите мајчина душичка и листовите босилек. Уште еднаш на кратко измиксајте.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина