Дали знаевте дека можете да го забрзате мускулниот развој и побрзо да изградите мускули доколку обрнете внимание на еден, многу често запоставен фактор на вежбањето- паузата помеѓу сериите. Можете да го зголемите интензитетот на тренингот и да поминете помалку време во теретана преку манипулирање со времето на паузи помеѓу сериите.

Намалување на времето за пауза

 

Со намалување на времето за одмор помеѓу сериите, вие автоматски го зголемувате интензитетот на тренингот и нивоата на млечна киселина кои се произведуваат во вашето тело. Колку се повисоки нивоата на млечната киселина во крвта – толку повеќе се ослободува HGH (човечкиот хормон за раст). Хормонот за раст е анаболичен хормон кој го помага и предизвикува мускулниот раст. Единствениот проблем кој би можел да се појави при високо ниво на млечна киселина е тоа што резултира со поголем замор и мускулни грчеви за време на тренингот. Затоа, се препорачува постепено да го намалувате времето за пауза помеѓу сериите.

Се препорапува да земете тежина која ви овозможува да направите 3 сета од по 10-12 повторувања со 2 минути пауза помеѓу сериите. Ќе ја користите истата тежина, повторувања и серии, недела по недела. Единственото нешто што ќе го менувате ќе биде времето за пауза помеѓу сериите. Ќе го намалувате времето за пауза помеѓу сериите за 15-20 секунди секоја недела. Ако не можете да направите најмалку 8 повторувања на последниот серија, тогаш не го намалувајте времето за пауза, се додека не успеете да ги завршите сите 3 сета.

Пример за вежбање

 

Недела              Повторувања             Одмор

1                              12,10,10                     2минути

2                              12,10,10                     1 минута 40 секунди

3                              12,10,8                      1 минута 20 секунди

4                              12,8,8                       1 минута

5                              10,10,10                     40 секунди

6                              10,8,8                       20 секунди

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.