Намалете го целулитот со јога вежби
Вежбата “лак кој стои” треба да се прави колку што може посмирено и побавно, а ефектот е феноменален. Оваа асана се има покажано како исклучително ефикасна во борбата против целулитот.
Не сте сигурно кога или како точно се случило тоа, но сметате дека порткаловата кора односно целулитот е на вашите колкови и задник? За среќа, постои евтин и здрав начин како повторно да добиете мазна, цврста и затегната кожа – јогата.
Освен што е корисна за опуштање, јогата докажано помага во борбата против целулитот. Студиите од Харвард докажале дека вежбањето јога е најефикасен начин за подобрување на протокот на лимфата, за елиминирање на токсините и намалување на задржувањето на течностите во телото. Јогата донесува зголемена подвижност, кожата станува поеластична и посјајна, се дефинираат и зголемуваат мускулите, а сето тоа се одразува врз општата состојба на телото, кое станува помладо и повитално. Покрај тоа, јогата ја подобрува целокупната мускулатура на телото и го јакне имунолошкиот систем. Ако покрај тоа се промени и начинот на исхрана – се исфрли шеќерот и сите рафинирани производи и ако се обидете да се храните на поздра ви поприроден начин – свежо овошје и зеленчук без премногу зачини, семки и јаткасти плодови, свежи немасни сирења, покрај детоксикација на телото, подобреното здравје и убавина на физичкото тело ќе станат всушност огледало на внатрешната чистина и мир, а внатрешното задоволство е она кое на жената и го дава оној посебен сјај и убавина кој не можат да бидат засенети од ниедна трага целулит.
Секојдневно практикувајте ја следнава поза (можете да ја комбинирате и со други јога пози) околу 20 минути, со цел видно да ја подобрите состојбата.
Ако не можете секојдневно, вежбајте барем 20 минути три пати неделно. Комбинирајте со јога, трчање и вежбање на сила (чучнувања, ислекори). Ако, пак, имате време, додајте и кратка самомасажа на критичните зони на суво (сува четка или фротир) или со некое омилено масло или крема за масажа. Вежбате мора да се прави колку што е можно посмирено и побавно. Резултатите се видливи веќе за месец дена!
Оваа вежба се нарекува “лак кој стои“, или на санскритски Dandayamana Dhanurasa.
1. Заземете став во мал расчекор. Рацете ставете ги на колковите, десната нога свиткајте во коленото и подигнете ја кон горе. Со лесни движења, дваесет пати турнете ја петата кон подот. Кога ќе завршите со кревање на петата кон горе, со десната рака фатете се за десниот скочен зглоб.
2. Повлечете ја ногата колку што можете повеќе кон горе, истовремено подигајќи го горниот дел од елото и левата рака во вис. Останете дваесеттина секунди во таа положба, притоа водејќи сметка правилно да дишете.
Длабокото ритмично дишење при изведување на оваа положба ја поттикнува хормоналната рамнотежа и носи поголема количина кислород во телото, кој е неопходен во борбата на согорување на маснотии. Вратете се во почетната положба и повторете ја вежбата и со другата нога.