Понекогаш во животот преплавен со информации е потребно да застанеме, да се вратиме чекор наназад и добро да размислиме. Во продолжение се неколку од најмудрите изреки кажани некогаш за здравјето и кондицијата, кои мора обавезно да ги прочитате, да ги проанализирате и да ги проследите со другите. Забележете дека од времето кога науката и медицината биле помалку развиени, важеле истите изреки како и денес. Некои ќе ви се допаднат, некои не, некои ќе ви бидат смешни, но ако ве натерале на размислување, тогаш дефинитивно имаат ефект.

BenjaminFrankiln

„Многу луѓе го губат здравјето за да стекнат богатство, а потоа го трошат богатството за да си го вратат здравјето ”– А.Ј.Матери

„За да го продолжите животот, намалете ги оброците” – Бенџамин Франклин

„Планирајте го целото пладне за вежба и рекреација, бидејќи тие се подеднакво потребни како и читањето, дури и повеќе потребни од него, бидејќи здравјето е поважно од науката” – Томас Џеферсон

„Подобро да се спречи, отколку да се лечи” – Томас Фуллер

„Од целото богатство најважно е здравјето. Здравиот овчар е повреден од болната кралица” –Исак Бикесрстаф

„Рецептот за долг и здрав живот е умереност, чист воздух, лесна работа и малку нега”- сер Филип Сиднеј

„Здравиот човек, истовремено е и богат, иако за тоа не е ни свесен ”                                       италијанска поговорка

„Најдобри од сите лекови се одморот и постот ”– Бенџамин Франклин

„Кој мисли дека нема време за вежбање, порано или подоцна ќе има време за болест” – Едвард Стенли

„Здравјето е најголемото богатство”-Вергилиј

„Должност ни е да го чуваме нашето здравје, инаку нема да имаме здрав и чист ум” – Буда

„Во принцип, луѓето, со оглед на напредокот во кулинарството, јадат два пати повеќе отколку што е потребно“ – Бенџамин Франклин

„Многу таканаречени духовни луѓе се прејадуваат, премногу пијат и не вежбаат. Но, одат во црква секој викенд и се молат- Господе, помогни ми да го излечам артритисот, да ја вратам силата и младоста“- Џек Ла Лејн

„Кромидот и лукот ги искоренуваат поголемиот дел на прехрамбените алергии“                                       Мартин.Х.Фишер

„Ако стигнала низ прозорецот на вашиот автомобил, тогаш тоа не е храна“                                                 – Мајкл Полан

„Докторите се луѓе кои пропишуваат лекови за кои знаат малку, за да спречат болести за кои знаат уште помалку, за луѓето за кои не знаат ништо“                                   – Волтер

„Во иднина, докторите нема да ги лечат луѓето со лекови, туку со исхрана“                                                 – Томас Едисон

„На светот постојат многу луѓе кои многу време трошат на грижата за здравјето, па немаат време да уживаат во него“- Џош Билингс

„Нашата храна би требало да биде наш лек и обратно“- Хипократ

„Не се плашам од човекот кои 10 000 удари ги вежбал по еднаш, но страв ми е од оној кој еден удар вежбал 10 000 пати“- Брус Ли