Оралниот секс е вид на секс во кој половиот орган се стимулира по орален пат, односно со устата (усните, забите или грлото). Овој вид на секс опфаќа контакт на машкиот и женскиот полов орган. Постојат 3 видови орален секс, и тоа:

  • Kunilingus ораен секс кој се изведува над жената
  • Felacio орален секс кој се изведува над мажот
  • Analingus орален секс при кој се стимулира анусот на партнерот

Во орален секс уживаат речиси сите. Доколку сепак имате предрасуди, па не сакате ни да пробате, пропуштате многу. А, ако сте го пробале и не уживате, и тоа е во ред, но барем знаете како е и знаете дека не ви се допаѓа. Сепак, и оние кои го доживувата оралниот секс како нешто најприродно во светот и составен дел од здравиот сексуален живот, понекогаш имаат недоумица.

Некои погрешно веруваат дека оралниот секс е побезбеден од традиционалниот. Но, тоа се однесува само во случај на забременување. За разлика од ,,нормалниот секс,, оралниот секс нема репродуктивна функција и постои чисто само поради уживање на двата пола. Како и мажите, така и жените го сакаат оралниот секс, но истражувањата имаат покажано дека тие дури и повеќе преферираат да им пружаат орален секс на своите партнери.

За овој вид секс се поврзани многу митови, а еве кои се некои од нив.

1. Оралниот секс и рак на грлото

Рак како последица од орален секс? Да.

Вистинската причина за добивање рак на грлото не е оралниот секс, туку humani papiloma вирусот (HPV), кој се пренесува преку секс, вклучувајќи го и оралниот. Научниците успеале да ги утврдат видовите вируси кои се најчестата причина за рак на грлото и крајниците.

HPV е многу вообичаена појава кај возрасната популација, но не секогаш доведува до развој на рак. Доколку вашиот партнер не е носител на овој вирус, ризикот за добивање рак е минимален. Ракот предизвикан од HPV инфекција се третира многу подобро од ракот предизвикан од пушење или од алкохол.

2.Оралниот секс и односите на партнерите

Кај некои партнери, оралниот секс често е причина за заострување на односите меѓу партнерите, додека кај други, пак, тој само уште повеќе ги засилува. Едниот од партнерите може да одбие да има орален секс од страв каква реакција ќе предизвика кај другиот партнер, додека други сметаат дека оралниот секс е најдобриот начин за поблизок контакт.

3. Ризик од незаштитен орален секс

Од оралниот секс може да се добијат следниве сексуално преносливи болести инфекции (SPI): virus humane имунодефициенција (ХИВ), херпес, сифилис, гонореја, humani papiloma вируси (HPV), хепатитис.

Ризикот од пренесување на овие инфекции зависи од бројот на сексуални партнери, сексот и техниките на оралниот секс. За да се спречи пренесувањето на половите болести, треба да се користи специјална латекс ткаенина, која се применува на вагината или на анусот.

4. Оралниот секс е распространет меѓу младите

Младите сметаат дека класичниот секс е нешто ,,значајно,, и не веруваат дека оралниот секс може да предизвика некои проблеми. Според истражувањата спроведени над три групи млади луѓе, во онаа група која користела само орален секс, со полово преносливи болести биле заразени само 2%, во онаа група која практикувала вагинален секс, 5% биле заразени со полово преносливи болести, додека онаа група во која се практикувале и орален и вагинален секс, заразени биле само 13%.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина