ishrana_naslovna

Доколку доволно долго повторувате некоја лага таа станува вистина, гласи старото правило на пропагандата. Некои лаги за исхраната ги слушате веќе со години, од ден на ден. Но, колку и пати да сте ги слушнале, тие едноставно не се вистинити!

Јајцата се нездрави

Јајцата се полни со холестерол и затоа се лоши за здравјето, особено за срцето. Но, фактите говорат поинаку. Истражувањата покажуваат дека холестеролот во исхраната не влијае на подигнувањето на холестерололот во крвта. Во суштина, јајцата содржат добар холестерол кој не е поврзан со зголемувањето на ризикот од срцеви болести. Јајцата се едни од најдобрите прехрамбени намирници. Богати се со антиоксиданси и се идеални за појадок, бидејќи за разлика од пецивата, не дебелеат.

Треба да се јадат житарици

Здравата прехрана се заснова на житарки, тврдат сите. Но, тие имаат мала прехрамбена вредност во споредба со зеленчукот. Исто така, содржат и фитинска киселина која ги сврзува минералите и ја спречува нивната апсорпција во дигестивниот систем.

Немасната храна е здрава

Знаете ли каков е вкусот на храната кога од неа ќе се извлече целата маст? Вкусот е таков што никој не би посакал да ја изеде. Затоа, произведувачите во неа ставаат разни додатоци за да го подобрат вкусот. Најчесто, тие додатоци во себе содржат шеќер. Најновите студии покажуваат дека, баш заради овие додатоци, немасната храна допринесува до развој на дијабетисот и срцевите болести. Храната, од која на вештачки начин и се извадени сите масноти, е многу нездрава.

ishrana_1

Во текот на денот треба често да се консумираат мали оброци

Оваа идеа е една од најголемите митови во исхраната која нема никаква смисла. Направени се бројни студии и експерименти кои покажуваат дека нема никаква разлика дали јадете мали или големи оброци. Единствено е важно на крајот на денот, да не изедете премногу.

Значи, да повториме, не постојат никакви докази дека е поздраво да јадете повеќе мали, отколку неколку големи оброци.

Омега 6 киселините и растителните масла се важни за правилната исхрана

Вистина е дека на луѓето им се потребни и омега -3 киселините кои го намалуваат ризикот од настанување на многу болести, Омега-6 и омега-3 киселините се добри за човековото здравје, само ако се во одреден сооднос. Ако соодносот е нарушен во корист на омега-6 киселините последиците можат да бидат лоши за здравјето.

Шеќерот е лош за здравјето бидејќи содржи празни калории

Врежано е мислењето дека шеќерот не е добар за здравјето бидејќи содржи бескорисни калории. Вистина е тоа дека шеќерот има многу калории кои немаат никаква прехрамбена вредност. Но, тоа не е главниот проблем во врска со шеќерот. Тој е лош за здравјето од многу други причини.

Шеќерот содржи висок процент на фруктоза која ги зголемува количините на холестеролот во крвта, создава отпорност на инсулин и така создава пат за дебелеење и дијабетис. Шеќерот е една од најлошите намирници познати на човекот, но не само заради своите празни калории.

Храната богата со маснотии предизвикува дебелеење

Јадете масна храна и ќе станете дебели, звучи сосем разумно и рационално. Но, не е така едноставно. Храната богата со маснотии не дебели сама по себе. Важни се и други работи. Дебелеењето зависи и од тоа колку сте физички активни, дали живеете во потопла или постудена клима, дали сте под стрес или не. Сето тоа и уште многу други работи одредуваат што ќе се случи со вашето тело откако ќе изедете масна храна.