Икањето е многу покомплексен рефлекс отколку што може да се чини на прв поглед. Ненадејните контракции или спазмите на дијафрагмата и мускулите меѓу ребрата предизвикуваат брзо и несакано вдишување кој завршува со потпукнување на гласниците, односно со звук на икање. Зборот икање (професионално singultus) потекнува од латинскиот збор singult, што значи земање воздух за време на плачење, а тоа особено добро ја објаснува оваа појава, пишува доктор Роберт Х. Шмерлинг од Harvard Health Blog.

 

Икањето може да дојде само и само и да помине, а најчесто исчезнува по 30-тина икања.

Но, понекогаш не поминува брзо. Доктор Шмерлинг наведува пример за некој фармер од Ајова, САД, кој икал повеќе од 60 години! Но, дури и кога икате толку долго, не треба да постои загриженост, бидејќи икањето не е знак за некоја болест, иако може да биде ужасно иритирачко.

Сепак, во многу ретки случаи може да укажува на постење на болест како што е ларингитис, инфекција во близина на дијафрагмата, зголемување на тироидната жлезда, тумори на вратот или хиетални кила. Икањето исто така поже да биде поттикнато од алкохолизам, откажување на функцијата на бубрезите и инфекции (посебно на ушите). Ретки причинители се мултиплекс склероза и аортска аневризма.

 

Овие се најчестите причини за икањето:

 

  • полн стомак поради прејадување, премногу алкохол или земено преголема количина воздух во стомакот
  • нагла промена на температурата, излегување од топло на студено и обратно, како и промена на телесната температура
  • пушење цигари
  • возбудување, стрес и други зголемени емоции
Како да го сопрете икањето?

 

  • Со стимулација на назофаринксот, плазење на јазикот, голтање шеќер, жабуркање вода, пиење студена вода или гризење лимон.
  • Стимулација на кожата која ги покрива нервите на медулата во близина на вратот со лесна масажа.
  • Стимулација на фарингсот или задниот дел од вратот со тапкање.
  • Попречување на нормалниот респираторен круг со задржување на здивот, дишење во хартиена ќеса (што ја зголемува количината на јаглерод диоксид кој го вдишувате), привлекување на колената кон градите и наведнување кон напред.
  • Размислување за нешто сосема десетто што ќе ве натера да заборавите на икањето.

Што кога икањето упорно не престанува?

Долготрајното икање може да ги попречи сите нормални телесни функции – голтање, хранење, пиење и спиење. Ако не престанува, секако треба да посетите доктор. Тој може да ви даде одреден лек за намалување на икањето или да ви советува да исфрлите некој лек кој го пиете. Можна е и операција, иако таа многу ретко се изведува.

 

Тагови: икање
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина