Доколку сакате да изгубите неколку килограми пред летниот период, добро е да знаете кои пијалаци можат да ви помогнат да изгубите килограми. Коктелите, шејковите и соковите освежуваат, но често се преполни со калории. За среќа, можете да пијат слатки и освежувачки пијалоци, а притоа и да ослабнете. Но, само доколку знаете што се треба ставите во чаша.

Стевиа

stevia

Стевиа е целосно природен засладувач, кој се прави од растенија. Таа е од 200 до 300 пати послатка од шеќерот, така што е потребно да ставите многу мала количина во чајот, лимонадата, кафето или сокот, за напитокот да биде сладок и вкусен. Притоа, овој засладувач нема калории, па затоа е многу добар за слабеење. Кога ќе купувате Стевиa, задолжително прочитајте ја декларацијата, за да се осигурате дека не содржи дополнителни вештачки супстанции.

Јаболков оцет

jabolkov-ocet

Чаша со ледено студена вода е дефинитивно најдобриот пијалак за губење на тежината, но само вода понекогаш ќе ви здосади. Затоа можете да и додадете малку вкус, така што во неа ќе ставите малку лимон, ѓумбир и јаболков оцет, па сето ова да го засладите со Стевиа. Овој освежителен пијалок сигурно ќе ви помогне да се ослободите од неколку килограми, бидејќи јаболковиот оцет го намалува нивото на шеќер во крвта, па така го спречува таложењето на мастите.

Лимон

limon

Еден цел лимон содржи помалку од еден грам шеќер, па ова цитрусно овошје е идеална состојка за летните пијалоци. За наједноставно освежување, ставете неколку парчиња лимон во вода со лед, која ќе добие интересен вкус. Ако сакате, можете да додадете и свежо подготвени зеленчукови сокови, шејкови, како и омилените чаеви. Ако летото не можете да го замислите без лимонада, направете ја со свеж лимон и Стевиа.

Кефир

kefir

Потрудете се да најдете или да направите кефир без масти. Тој е богат со протеини, а ако нема масти, нема ниту многу калории. Сепак, не е дека нема воопшто калории, па затоа ограничете ја употребата на една чаша по рецепт. Ако не ви се допаѓа вкусот, можете да го збогатите со свежо овошје од бобинки и Стевиа. Нискомаслениот кефир содржи повеќе пробиотици од обичниот јогурт, а овие пробиотици се одлични за губење на тежината.

Лимета

limeta

Лиметата е уште една магична состојка која ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми. Исто како и лимонот, во лиметата речиси и да нема калории или шеќер, па затоа секој пијалок со ова овошје е идеален за согорување на мастите. Поради високата концентрација на витамин Ц, лиметата ќе ви го подобри имунолошкиот систем, а е добра и за детоксикација на организмот.

Лубеница

lubenica

Оваа намирница природно содржи многу малку калории (1 чаша има само 45 калории) и е одлична состојка за летните пијалаци. Можете од нејзе да правите сокови, шејкови, а можете дури и да додадете мали парчиња во вода со мраз за еден уште посуптилен вкус на лубеницата. Лубеницата не е корисна само за струкот, туку и за целокупното здравје. Го намалува ризикот од рак, мозочен удар и кардиоваскуларни болести.

Киви

kivi

Иако кивите нема директно да ги согорат мастите, ова овошје е уште еден одличен додаток на секој освежувачки летен пијалок. Немаат многу калории, а се богати со растителни влакна, антиоксиданси и витамин Ц. Направете од него сок, додадете го во шејкот со другото овошје, или едноставно додадете малку киви во водата. Тие го намалуваат нивото на хормоните на стресот во телото, го контролираат холестеролот, а некои истражувачи тврдат дека се борат и против брчките.

Грејпфрут

grejpfrut

Грејпфрутот е една од најпопуларните намирници за губење на тежината, па не е изненадувачки што се најде на оваа листа. Тој е богат со витамини, антиоксиданси, влакна и ликопен, и помага за детоксикација и губење на тежината, како и за зајакнување на имунолошкиот систем. Додадете неколку парчиња во водата, или исцедете го и од него направете сок.