Мрзеливиотживотен стил е еден од најсериозните причинители за срцеви заболувања. За среќа, тој е еден од причинителите против кој можеме да превземеме нешто. Редовните вежби, посебно аеробик вежбите, можат многу да помогнат во тоа:

  • да го зајакнат срцето и целиот кардиоваскуларен систем

  • да придонесат за подобрување на циркулацијата и да помогнат за максимално да се искористи кислородот

  • да се спречи срцев удар

  • да се зголеми количината на расположлива енергија, така што ќе ви овозможат да се занимавате подолго со физички активности и без појава на несаканиот умор

  • да ја зголемат издржливоста

  • да го регулираат крвниот притисок

  • да го зголемат тонусот и силата на мускулите

  • да ги поправат расположението и флексибилноста на зглобовите

  • да ги зајакнат коските

  • да ги намалат стресот, напнатоста, вознемиреноста и депресијата

  • да го подобрат сонот

  • да направат постојано да се чувствувате опуштено и одморно

Кои се најпродуктивни видови вежби за срцето?


Целокупната активност на вежбите може да се подели во три основни групи:

  • Вежбите за истегнување или лесно раздвижување на мускулите на рацете и нозете пред и по вежбањето придонесуваат за подобра подготовка на мускулите за претстојните вежби и со самото тоа се намалува ризикот од повреди и несаканото истегнување н мускулите. Редовното истегнување исто така ја подобрува флексибилноста на телото.
  • Кардиоваскуларни вежби или аеробик претставуваат физички активности кои вклучуваат работење на сите мускулни групи одеднаш. Овој вид на вежби ги јакнат срцето и белите дробови, а исто така и ја регулираат и поправаат способоста на организмот на најдобар можен начин да го употреби кислородот од надворешната средина. Аеробик вежбите спаѓаат во групата вежби кои имаат најпозитивно влијание на срцето. Со тек на време, ваквиот вид на вежбање може многу да придонесе за регулирање на срцевите отчукувања и крвниот притисок, а со самото тоа и да го поправи дишењето, бидејќи за време на вежбањето срцето помалку ќе се заморува.
  • Вежби за сила ова се вежби кои ги држат мускулите во постојана контракција, се додека не се ,,замори,,. Со тоа организмот добива сила и издржливост.
Во продолжени погледнете кои се вежби спаѓаат во погоренаведените.

 

Кружни тренинзи. Малку програми за вежбање делуваат толку добро на срцето како што се тоа циркуларните тренинзи или популарните табата вежби. Обично станува збор за повеќе вежби, кои се прават со малку повторувања со кратки паузи меѓу нив. Ваквиот вид на вежбање ги растегнува артериите и ја подобрува еластичноста на ѕидовите на артериите. За да добиете најдобри резултати за време на еден тренинг треба да правите вежби за целото тело, а периодите на одмор треба да ви бидат колку е можно пократки.

Пливање. Овде не се подразбира само лесно пливање, туку препливување на 8 -12 должини од базенот колку што можете побрзо. Пливањето е одлична вежба, бидејќи работат истовремено сите групи на мускули и веројатно единствена која покрај тоа што ја подобрува формата и здравјето на кардиоваскуларниот систем, исто така и опушта.

Тренинзи со тегови. Не само што ќе ви помогнат да изградите мускулна маса, туку ќе ви ги зајакнат и срцето и коските. За почеток, можете да ги правите со користење на сопствената тежина, а подоцна да вклучите тегови.

Трчање. Рамномерното трчање е одличен начин за зајакнување на телото и подобрување на кондицијата, но од друга страна, интервалното трчање ќе го подигне здравјето на кардиоваскуларниот систем на сосема ново ниво. Под интервално трчање подразбираме трчање кое е рамномерно, но кое го прекинуваме со спринт или искачување на угорница од 10 секунди време. Трчате толку многу брзо што останувате без здив, па се дморате кратко и продолжувате.

Јога. Кога се работи за јогата, не треба да посетувате часови за да го подобрите здравјето на срцето и кардиоваскуларниот систем. Јогата е одлична за јакнење на целото тело и за тонирање на мускулите, а малку поинтензивни видови јога одлично ќе делуваат на вашето срце.

Возење велосипед. Не е важно дали се работи за статичен или нестатичен велосипед. Со редовно возење на велосипед го снижувате ризикот од срцеви заболувања, а бројките покажуваат дека со поминати 32 километри неделно тој ризик се намалува за неверојатни 50%. За време на возењето велосипед ги користиме мускулите на долниот дел од телото, кои го подигаат бројот на срцеви отчукувања. А, освен што го подобрувате здравјето на кардиоваскуларниот систем, воедно согорувате и калории.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина