Од самиот момент на зачнувањето, на секоја личност однапред и е програмирана телесната градба. Од најраната младост на нашата градба влијае уште и исхраната, занимавањето или незанимавањето со спортски активности и воопшто, стилот на живот. Таложењето на мастите на одредени делови е кенетски одредено, што значи дека жените би требало да ги прилагодат телесните активностиво зависност од својата градба, за да го максимизираат влијанието на вежбањето и напорот.

 

 

oblik na teloto_nas

 

Вежби доколку имате градба во форма на песочен часовник

 

Во тој случај би требало да се фокусирате на кардио-вежби и вежби со отпор. Кардио-вежбите би требало да ви помогнат околу одржувањето на посакуваната тежина (или намалување на истата), додека вежбитесо отпор ќе ви помогнат да ја задржите рамнотежата помеѓу горниот и долниот дел на телото. Повторувањата на вежбите нека варираат.

 

Ориентирајте се на –бавно џогирање, велосипедизам без поголем отпор, чучњеви, кревање полесни тежини на бенч клупата и вежбање на бицепсот со лесни тегови.

 

Најдобар начин да го потрошите вишокот калории е трчање, велосипедизам или пливање три пати неделно по 40 минути. Ако прво треба да го симнете вишокот килограми, своето вежбање базирајте го на возење велосипед и пливање, трчањето оставете го настрана се додека не ослабнете.

 

Некои личности кои имаат градба во форма на песочен часовник многу лесно ги таложат маснотиите, па така и мускулната маса во горниот и долниот дел на телото, па заради тоа, тежината на теговите во вежбите со оптоварување треба да биде помала, но со повеќе повторувања.

Доколку имате градба во форма на крушка

 

Во овој случај треба да се фокусирате на рамнотежа во горниот и долниот дел на телото, што значи дека ќе се потрудите да го зајакнете горниот дел од телото и да го намалите долниот дел. За да го постигнете тоа, фокусирајте се на аеробните активности со кои ќе го вежбате долниот дел од телото, па на вежби со отпор кои ќе ја зајакнат мускулната и коскената маса во горниот дел од телото.

 

Ориентирајте се на-пешачење, возење велосипед со мал отпор, вежбање на орбитрек, скокање со јаже, различни вежби со дигање и спуштање на нозете, склекови, дигање на рацете на шипка и дигање тегови со рамена.

 

Личностите со градба на крушка се често многу флексибилни и добри во спортските активности  кои бараат активност ан нозете. Пробајте да танцувате салса или ако сакате нешто пожестоно- тогаш можете да се обидете со кик-бокс, а доколку имате пак, авантуристички дух- можете да вежбате качување по карпи.

 

Доколку имате градба во форма на јаболко

 

Во овој случај треба да се фокусирате на аеробен тренинг за да ја намалите телесната тежина и да го согорите вишокот на маснотии. Работејќи повеќе на долниот дел од телото можете да ги избалансирате нозете, како и градите и рамената.

 

Ориентирајте се на – качување по скали, одење по лентата за трчање, чучњеви, ножно дигање со тегови и подигнување на тегови додека правите чучњеви.

 

Доколу имате градба во форма на линијар

 

Во овој случај можете да се занимавате со која и да посакате физичка активност. Доколку сакате да изгубите вишок килограми, направете го тоа со кардио вежби, особено доколку вишокот килограми се наоѓа на задната страна на бедрата и колковите. Ако пак сакате да добиете мускулна маса за вашето тело да има здрав спортски облик, направете го тоа со вежби со тегови и општо со вежби со отпор. Вежбајте го подеднакво горниот и долниот дел од телото и сите групи мускули, за да му обезбедите симетрија на телото.

 

Ориентирајте се на растегнување,  вежби за стомачните мускули, одење и трчање, чучњеви и слично…

 

Многу личности кои имаат градба во форма на линијар го занемаруваат вежбањето, бидејќи немаат целк да изгубат килограми. Но, забораваат дека вежбањето не е само за губење килограми, туку и дека со правилно вежбање може може и да се добие здрава мускулна маса.

 

За оние кои сакаат да го зајакнат дополнително долниот дел од телото се препорачува да стават теговии со песок за да го зголемат отпорот.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.