Доколку од неодамна сте биле на посебен начин на исхрана и сте успеале да ослабнете мнгу килограми, а притоа не сте вежбале, веројатно како последица на тоа се појавила опуштена кожа, која треба да се затегне. Освен по слабеење, кожата се опушта и по породување, прележани болести и во позрелите години, како последица на стареењето. Погледнете во продолжение како да го затегнете телото.

1. Слабејте полека

Побавното слабеење е многу подобро за кожата од брзите диети, кои никако не се добри за здравјето, а после кои кожата се опушта. Ако полека слабеете и притоа вежбате, лесно ќе го одбегнете овој проблем. Притоа, додека сте на диета, трудете се да јадете што помалку брза храна и слатки, а темелете ја исхраната на сирова храна, бидејќи во свежите намирници има најмногу корисни витамини, минерали и хранливи материи кои му се неопходни на здравјето, но и за градењето на мускулите. Исто така, на вашето мени треба се најдат и намирници кои се богати со протеини, како што се јаткастите плодови, немасното месо, рибата, сојата и др. Овие намирници се богати со немасни протеини кои помагаат во градењето на цврста мускулна маса и на тој начин го затегаат телото.

2. Пијте многу вода и редовно вежбајте

Здрава и сјајна кожа е онаа која е богата со влага. За да се постигне тоа, соковите треба да се заменат со вода и да се пијат што повеќе течнсоти во текот на денот, посебно во летните месеци, со цел да се спречи исушувањето на кожата и дехидратацијата на организмот. На овој начин кожата ќе ви стане поздрава и поблескава, а ако на тоа го додадете и редовното вежбање, успехот ќе биде неминовен.

zategnato-telo1

3.Аеробик

Аеробикот е на прво место за затегнување на кожата по слабеење. Овој вид на вежбање помага да се забрза процесот на слабеење, дури и на критичните места на телото, вклучувајќи го и стомакот. Покрај тоа, со редовното вежбање аеробик паралелно се гради и мускулната маса, па нема да дојде до опуштање на кожата.

 

zategnato-telo2

 

4. Гимнастика

Гимнастиката е одличен избор за градење на мускулната маса и за затегнување на телото по слабеење. Нека вежбите за загревање и размрдување кои ни се познати на сите од часовите по физичко образование станат дел од вашето секојдневие. Со овие вежби можете да комбинирате склекови, стомачни и чучнувања. Лесна утринска гимнастика во времетраење од 15 минути е вистински начин да се започне денот. Така се раздвижува телото, се забрзува работата на срцето и крвотокот, а резултатите се видливи многу брзо.

5. Јога

Јогата ќе ви помогне да се ослободите од стресот, да бидете пофлексибилни, па дури и да го забрзате слабеењето, но и ќе ви помогне да ја затегнете опуштената кожа. Со оглед на тоа што јогата е составена од повеќе различни елементи, како што се правилното дишење, истегнувањето, опуштањето, медитацијата, позитивните мисли и правилната исхрана, прифаќањето на ваквиот начин на живот е пат кон виткост, здраво и затегнато тело.

6. Пилинг на кожата и масажа

Стручњаците тврдат дека пилингот со триење на кожата со морска сол или некои други средства е одличен за постигнување затегната кожа. Со пилингот се подбрува циркулацијата, а тоа доведува до еластична и здрава кожа. Применувајте пилинг по туширањето неколку пати во неделата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина