Квалитетното закрепнување на телото е најважната работа ако не сакате да имате тешки воспаленија на мускулите. Не е потребно околу себе да имате тим од физикални терапевти или скапи стимулативни машини коишто ќе работат на закрепнување на вашето тело. Потребни се само неколку ефикасни трикови.

ТРИКОВИ ЗА ФИЗИЧКО ЗАКРЕПНУВАЊЕ

ПРОШЕТКА

Прошетката е еден од најдобрите методи за закрепнување. Со оваа умерена физичка активност доаѓа до опуштање и регенерирање на мускулите на долниот дел од телото, и до подобра циркулација на нозете и стапалата. Самата крв е полна со витални нутритиенти, кои помагаат за закрепнување и изградба на нови мускули, исфрлајќи ги штетните отрови од крвотокот. За време на одењето, активни се и тетивите, глутеусот и квадрицепсите, па така ќе работите на своето држење и затегнување на мускулите.

ТЕРАПИЈА СО РОЛЕРИ

Сунѓерестиот ваљак и ролери се составен дел од секоја теретана. Помагаат за поттикнување на крвототко во мускулите преку принципот на лимфна дренажа, разбивајќи ги бројните јазли во мускулите. Иако на почеток оваа терапија е малку болна, обидете се со ролерот да ги истегнувате големите мускули, рамењата и колковите. Со користењето на сунѓерестите ролери по тренингот или пред легнување можете да одбегнете многу повреди. По тренингот на горниот дел од телото, со грбот легнете на ролерот и со движења горе-долу масирајте ги неговите мускули, од трапезот до глутеусот. Истиот принцип применете го и со долните екстремитети, минувајќи со ролерот по мускулите од нозете. На секој мускул потрошете помеѓу 30 и 60 секунди.

КОМПРЕСИЈА

Методот компресија ги намалува воспалителните процеси во мускулите и зглобовите. Компресни парчиња облека налик на хеланки, чорапи и ракави се веќе многу популарни кај професионалните спортисти, бидејќи се имаат покажано како многу ефикасни. Облеката која е прилепена за телото ја намалува болката и го поттикнуваа протокот на крв.

СТУДЕНА БАЊА

Терапијата со студена бања помага да се намалат воспаленијата на мускулите по големи напори. Исто така, ја намалува и невролошката чувствителност. Брзото закрепнување на мускулите настанува благодарение на собирање на крвните садови како последица од студеното опкружување. Кога ќе забележите дека кожата ви станува црвена, време е да ја завршите оваа терапија.

zakrepnuvanje2

 

ТРИКОВИ ВО ИСХРАНАТА

ПОСТ

Постот после тренинг ја зголемува севкупната синтеза на портеини, што значи дека повеќе нутритиенти ќе стигнат до мускулите и тако ќе го зголемат нивниот раст. Принципот на оваа интресна диета гласи: може да јадете 8 часа, а 16 часа не, што кажано поинаку значи дека во рамките на тие 8 часа мора да внесете онолку калории колку што висе потребни за цел ден. Овој режим се препорачува еднаш до два пато во текот на еден месец.

ВИТАМИН Ц

Витаминот Ц е важен суплемент кој има антивоспалителни својства и која важна улога во формирањето на колагенот, кој го обновува мускулното ткиво. Витаминот Ц ги намалува слободните радикали во крвта, му помага на телото да закрепне и го намалува чувството на замор во мускулите.

МАГНЕЗИУМ

Добриот сон е еден од највиталните техники на закрепнувањето, а се прпеорачува сон помеѓу 7 и часа дневно. Магнезиумот е одличне сојузник во тој процес, бидејќи го зголемува кортизолот, а ефикасен е дури и во случаи на хронична инсомнија

РИБИНО МАСЛО

Разни диети вклучуваат користер намирници кои се богати со омега-6 и омега-9 масни кислеини и консумирае на мала количина на омега-3. Тоа се покажало како погрешен принцип, бидејќи во комбинација со вежбање доаѓа до воспаление на зглобовите и побавно закрепнување по напор. Суплементите во вид на рибино масло имаат позитивно дејство на работата на срцето, очите, коските и ги елиминира сите воспалителни процеси. Се преорачува да се зема по 2 грама рибино масло во облик на суплементи секое утро и уште по 2 грама навечер.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина