naslovna_varenje

Најдобро е да избегнувате одредени видови храна – како што е масното месо – за да не го иритирате желудникот. Но , за среќа , постојат намирници кои можат да ви го олеснат варењето на храната. Прочитајте го водичот за тоа што е добро, а што лошо за варењето.

Најлошата храна за варење

Многу масна и пржена храна

Двата вида на храна може да го оптоварат желудникот, што може да резултира со зголемување на киселината и горушица. Масната храна може да доведе до блед измет, кој е всушност знак за вишок на масти во столицата. Луѓето со синдром на нервозни црева треба да се чуваат подалеку од масна храна, вклучувајќи ги и путерот и павлаката, бидејќи тоа ќе им предизвика проблеми со варењето.

Лути пиперчиња

Лутите пиперчиња може да го иритираат хранопроводот и да предизвикаат горушица , што може да биде проблем кај оние кои страдаат од синдром на нервозни црева или хронична жгеравица.

Млеко

Калциумиот е потребен во вашата исхрана и најлесниот начин да го консумирате е преку млечните производи, како што се млекото или сирењето. Но, ако не поднесувате лактоза , можете да добиете пролив, гасови, надуеност и грчеви.

Нетолеранцијата на лактоза е чест проблем , и се случува кога луѓето немаат доволно лактаза, ензим кој ја разградува лактозата ( шеќерот кој се наоѓа во млекото). Целијачната болест , Кроновата болест и хемотерапијата може да ги оштетат цревата , што исто така, води кон нетолеранција на лактозата.

Алкохол

Алкохолот можеби го релаксира телото, но го опушта и сфинктер мускулот на хранопроводот. Ова може да доведе и до враќање на киселината од желудникот и горушица. Исто така, алкохолот може да доведе и до воспаление на слузницата на желудникот, како и да им ја отежне работата на некои ензими при апсорпцијата на хранливи материи . Премногу алкохол може да предизвика дијареа и грчеви.

Бобинки и семиња

Бобинките и семињата се добри за здравјето , но оние со ситни семенки можат да бидат проблем за лицата со дивертикулитис (кога на дебелото црево настануваат мали кесички со цревна слузница ). Теоријата е дека семенките им пречат на кесичките и претставуваат ризик од инфекција. Тоа сеуште не е докажано, но ако откриете дека семките (на пример, од сончоглед или тиква) ги иритираат вашите црева, држете се понастрана од нив.

Чоколадо

Истражувањата покажале дека чоколадото може да биде проблем за оние со синдром на нервозни црева или хроничен запек. Но проблемот не се состои во чоколадото само по себе, туку во млекото кое често се содржи во чоколадните производи. Исто така, и кофеинот може да предизвика грчеви, надуеност и дијареја.

Кафе, чај и безалкохолни пијалоци

Кафето, чајот и безалкохолните пијалоци не само што премногу го опуштаат сфинктер-мускулот на хранопроводот, туку може да дејствуваат и како диуретици, што доведува до проливи и грчеви. Кофеинот може да биде посебен проблем, особено за оние со гастроезофагеален рефлукс. Ако имате киселини, избегнувајте чај од нане.

Пченка

Пченката е богата со растителни влакна, но исто така содржи целулоза, вид на влакна кои тешко се варат, бидејќи им недостасува потребниот ензим.

Ако пченката добро ја изџвакате, веројатно и полесно ќе ја сварите. Но, ако ја проголтате без претходно добро да ја изџвакате, тоа може да предизвика и гасови и болки во стомакот.

Најдобрата храна за варење

Јогурт

Во цревата има милиони бактерии кои го подобруваат варењето, а јогуртот содржи некои видови на добри бактерии.

Зелка

Зелката го подобрува растот на здравите бактерии во дебелото црево . Таа, исто така помага во елиминирањето на отпадот од цревата и ја поттикнува редовната столица .

Киселата зелка е добра од истите причини.

Немасно месо и риба

Доколку јадете месо , одберете пилешко, риба и другото посно месо, бидејќи ќе го сварите полесно отколку сочно прасечко месо. Немасното месо и риба исто така не се поврзани со зголемен ризик од рак на дебелото црево , како што е поврзано масното црвено месо.

Цели житарки

Целите житарки, како што се лебот од интегрално брашно , овес и ориз, се добар извор на влакна, што му помага на варењето на храната.

Влакната, исто така даваат подолго чувство на ситост и го намалуваат холестеролот, но може да предизвикаат гасови, надуеност и други проблеми кај луѓето кои наеднаш го зголемуваат нивниот износ – затоа тие треба да полека да се зголемуваат во исхраната.

Банани

Бананите помагаат во нормализирање на работата на цревата , особено доколку имате пролив. Исто така , на телото му ги враќаат изгубените електролити и калиумот. Влакната помагаат при варењето на храната.

Ѓумбир

Овој зачин веќе илјадници години се користи како природен лек за ублажување на мачнините, се користи и против повраќање , гасови, губење на апетит…Но, најдобро е ѓумбирот да се консумира во умерени количини.