Пролетта се ближи, а со неа и несаканите пролетни алергии – кивање, кашлање, отечени и црвени очи и затнат нос се симптомите кои укажувата на алергиски ринитис. Тогаш неретко посегнуваме по лекови, но можно е и да се намали нивното земање ако се научите како да ги одбегнувате самите пролетни алергии.

 

 

Полен

 

Поленот е прав со зеленкасто – жолта боја. Им помага на стеблата, световите и тревките да се размножуваат. За време на пролетта проблеми предизвикува поленот од дрвјата, а во текот на летото – поленот од тревите и плевелот.

 

 

Мувла

 

Мувлата е алерген исто како и поленот. Но, на мувлата и треба малку повеќе за да предизвика алергиски реакции. Мувлата во топлите краишта е најзастапена во текот на јуни месец, додека во постуденте за време на есента.

 

 

Одбегнете ги алергените во природата

Ако чувствувате сериозни алергиски реакции на полен и мувла, најверојатно ќе сакате да останете затворени во својот дом, со затворени прозорци се од април до октомври. Секако, тоа нема да функционира. Исто така, мувлата и поленот ќе го најдат патот до вашиот дом. Тогаш што ќе направите?

Планирајте ги своите активности на отворено, кога се деновите малку постудени и кога е помалку ветровито. Најдобро е да се минува времето на отворено после дожд. Одбегнувајте активности на отворено за време на суви, топли и ветровити денови.

Нивото на полен е највисоко во утринските часови, па затоа сите свои активности на отворено планирајте ги за попладневните часови. Кога ќе дојдете од надвор, ставете ја сета своја облека за перење, искапете се и облечете чиста облека, посебно ако сте биле излезени на излет или ако сте се занимавале со работа во градината.

Одбегнете ги алергените во својот дом

 

Да се биде во затворен простор не значи да бидете сигурни. Постојат бројни алергени во вашиот дом, без разлика на тоа колку внимавате. Тогаш што можете да направите? Миленичињата, децата и вашите обувки можат да внесат полен во домот. Теписите тој полен можат да го задржат. Затоа е најдобро да ги остраните сите теписи, со цел да можете редовно да ги пребришувате подовите и да го намалите нивото на полен.

Затворете ги сите прозорци кога е топло надвор, суво и ветровито. Не ги сушете алиштата надвор, за да го внесете сиот полен и алергени дома. Собувајте се штом влезете дома, редовно бришете ја прашината, со што ќе го освежите домот и ќе го намалите нивото на полен во него. Внимавајте на влажните места, каде постои ризик од создавање мувла. Редовно проветрувајте ги и оддржувајте ги колку што може суви.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина