Популарното веслање не само што е една од најдобрите вежби за зајакнување и изградба на мускулите на грбот, но исто така е и феноменален начин за согорување на калориите, бидејќи само во текот на една минута од изведувањето на оваа вежба согоруваме 8 калории. Сепак, и покрај фактот што справата за веслање е една од најпопуларните справи во фитнес салата, многу луѓе изгледаат смешно на нејзе, поради нивното незнаење за нејзината правилна употреба.

Се разбира, се работи за тоа што луѓето не знаат како да ја заземат правилната позиција и како на правилен налин да ја изведат оваа вежба. Следуваат во продолжение четирите најчести грешки на почетниците, па така треба да обрнете внимание на нив, со цел да го извлечете максимумот од секое повторување, но, исто така, и за да ги избегнете можните повреди.

1. Вежбате со преголеми тежини

Вежбањето со поголеми тежини не секогаш значи поголем успех во изградбата на мускулните влакна или потрошувачката на калории. Се работи за тоа што, оној кој вежба, пред себе си поставува само поголем проблем доколку ја нема совладано совршената техника на изведување, бидејќи со неправилниот начин на изведување на вежбата нема ни вистински напредок , а можноста за добивање на повредата е повисока. Освен тоа, со само три или четири повторувања не може да се постигне некој поголем успех …

veslanje_1

2. Подгрбавени сте

Овој проблем е присутен кај поголем број луѓе. Се работи за пореметување на држењето на телото, при кое рамениците се подгрбавени кон напред, така што е оневозможено нивното движење во текот на одењето, па комплетната работа ја извршуваат нозете. Истиот случај е и кај вежбањето на справата за веслање, тогаш поголемиот дел од движењата ги прават нозете, а посебно рацете со трицепсот во преден план.

3. Искривеност на грбот

Како што лошата положба на рамената создава проблем , искривената положба на грбот значи и уште полоши работи . Врз ефикасноста на развивање на мускулите на горниот дел од грбот ова нема премногу влијание, но, бидејќи долниот дел на грбот е искривен, а истовремено е под големо оптоварување, ова е потенцијално опасна позиција за добивање на повреди. Не треба да заборавиме дека долниот дел на ‘рбетот е еден од најчувствителните делови на човечкото тело , а од проблеми со овој дел на телото барем повремено страда речиси секоја трета личност .

4. Прекумерно ги свиткувате нозете

Кога вежбачот седи толку блиску, што со задникот речиси ги допира своите пети, патот на сајлата која ја влече е толку скратен, што вежбата е речиси целосно неефикасна. Оддалечете се и нозете држете ги речиси исправено, значи колената треба да бидат само благо свиткани, и а рачките повлечете ги се до плексусот.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.