Црвената дамка во окото или појавата на крварење се случува често и неретко пречи. Во повеќето случаи се работи за состојба која не претставува голем проблем и која се решава лесно во само неколу дена или недели.

За оваа состојба постојат неколку причини. Освен ако не сте биле во базен, односно во хлорирана вода, или не сте пливале во море, црвенилото на очите и црвената дамка во окото можат да ве загрижат.

Прва и главна причина за црвена дамка во окото или црвенило во окото е пукањето на капиларите, како резултат од недостаток на сон. Ако покрај црвенилото е присутна и болка, можно е да се работи за инфекција со вирусот на херпес.

 

1. Инфекција со херпес

 

Вирусот на херпес може да ги инфицира очите и да предизвика воспаление. Воспалението создава црвено око, но предизвикува и болка, чувствителност на светлина и силно насобирање на солзи.

2. Акутен иритис

 

Ако покрај црвенило во окото тоа со тек на време стане темноцрвено и чувствувате болка, можно е да дошло до воспаление на очниот ирис. Оваа појава уште се нарекува и акутен иритис и поминува за неколку недели. Симптоми на акутниот иритис се болка, црвенило во окото, црвена дамка во окото, чувствителност на светлина и замаглен вид.

 

3. Зголемен крвен притисок

 

Постојаната појава на црвени дамки во окото односно на белките, може да биде знак за зголемен висок крвен притисок. Со оглед на тоа што високиот крвен притисок предизвикува ширење на крвните садови, тоа се случува и во окото. Така капиларите во окото можат да пукаат поради него.

 

4. Испукани капилари во очите

 

Црвените дамки во окото се појавуваат најчесто како резултат на испукани капилари. Покрај високиот крвен притисок, постојат уште некои причини за оваа појава, како поради удар во окото (тогаш се проследени со замаглен вид и темнење на кожата околу подочниците), при подигање тешки работи или како резултат од претерано вежбање или пак поради пресилно триење на очите (што доведува до наздразнето око и дамки).

Лекување и ублажување на црвените дамки

 

Црвените дамки предизвикани од испукани капилари најчесто поминуваат сами од себе, во рок од една до две недели. Ако не поминуваат подолго време, обратете се кај својот доктор, бидејќи тоа може да укажува на постоење на висок крвен притисок, но и на воспаление.

Ако причината за црвените дамки е удар во окото или нарушување на крварењето, потребна ви е терапија.

Со цел да го ублажите црвенилото и да ги смирите очите, секогаш можете да се послужите со облоги од чај. Одлични чаеви во овој случај се чај од бозел и чај од камилица. Сварете го чајот и оставете го да отстои 15 минути, за да се олади малку. Потоа земете памук или газа, намокрете ги во чајот, легнете и ставете ги на очите. Одморете и повторувајте ја постапката се додека е чајот топол.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина