Ектоморфен тип

 

ectomorf-mazi                                                             ektomorf-zeni

 

Ова е слаб, ,,кршлив,, тип на тело. Кај некои од луѓето кои му припаѓаат на овој тип се забележува одлично засилен метаболизам, но многу слаба градба. Секако, не сите слаби луѓе имаат брзи метаболизми – и брзиот метаболизам не е исклучок кај слабите индивидуи. Наречени уште ,,слаби билдери,, на овие луѓе им се потребни многу енергија и време, многу напор за да добијат мускули. Се карактеризираат со тесна структура на скелетот, мали рамена и рамни гради. Кога станува збор за тренинг, ектоморфните типови треба да користат многу големи тежини за да ја зголемат својата сила. Штом еднаш ќе биде формирана основата, се препорачува по 8 повторувања за секоја вежба за да ја зголемат големината на мускулите (наречена хипертрофија). А, за да изградат мускули, овие луѓе требаат навистина да се потрудат многу. И покрај тоа што е многу важно да се практикуваат кардио вежби, кусите и не толку зачестени кардио сесии од вежби се препорачливи за оваа група. Бидејќи овие луѓе може да имаат брз метаболизам или потешкотии да добијат на тежина, многу е важно да се консумираат соодветни калории. Нема оправдување за јадењето нездрава храна; наместо тоа, тие треба да јадат сложени јагленохидрати и протеини, како што се путер од кикиритки, пилешко, риба, протеински шејкови, јајца, грав, овошје и зеленчук.

Мезоморфен тип

mesomorf-mazi                   mesomorf-zeni2

 

Мезоморфните типови се генетски надарени. За нив е многу полесно да изградат мускули. Нивните тела се природно силни, цврсти и атлетски градени. Овие се најдобрите бодибилдинг типови на тела. Кога се работи за тренинг, типичното кревање на тежини или бодибилдинг вежбите се ефикасни за зголемување на големината и силата кај нив. Кај оваа група особено е важен кардио тренингот, посебно интензивираното вежбање, кое е задолжително. Кога се работи за исхраната, најидеална е добро избалансираната и здрава храна. Поради тоа што мезоморфните типови можат да наталожат сало полесно од ектоморфниот тип, мора да внимаваат при составување на менито.

Ендоморфен тип

 

endomorf-zeni                                                endomorf-mazi

Ендомофниот тип на тело се оние со пошироки коски, цврста градба, но помеки. Но, нека не ве залажува тоа; ендоморфните типови можат да бидат многу силни, посебно во мускулите во горниот дел од нозете. Иако им е многу тешко да го загубат салото, тоа сепак можат да го постигнат со ефективен тренинг и соодветна исхрана. Тренингот за сила е важен за нив (поради тоа што има одлични метаболички предности), но во прв план е сепак кардио тренингот. Одличен е високо интензивниот тренинг, како што е спринт, кикбокс, искачување по скалила, прескокнување јаже и други спортски активности за јакнење на срцето.

Во исхраната кај овие типови мора да има намален внес на калории, со цел да се постигне губење на салото. Тоа вклучува посна храна, сложени јагленохидрати, протеини и намирници со висок процент на влакна. Со оглед на тоа што намирниците кои содржат влакна брзо заситуваат и го потиснуваат апетитот, одлични се за овој тип. Единствено овие типови треба да внимаваат на големината на оброците.

Заклучок

Не го имате тој изглед на вашето тело доживотно. Всушност, откривањето на кој тип на тело му припаѓате ќе ви помогне да составите ефикасен начин на исхрана и да изнајдете стратегија за вежбање кои ќе ви помогнат да го измените телесниот изглед.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина