Ако мислите дека повисоките температури се дополнителна причина на вашето бебе помало од 6 месеци да му давате, покрај млеко, вода, стручњаците од Johns Hopkins Children’s Center од Балтимор предупредуваат тоа да не го правите, дури ни ако постарите ве убедуваат во спротивното. Фактите тврдат дека бебињата до 6 месец мора да бидат исклучиво на млеко, а што исто исто така се поврзува со најновите истражувања е и дека дотогаш треба да се почека со дохранувањето, дури и ако е бебето на адаптирано млеко. Млекото има во себе се што му треба на бебето и со него може да му се гасне жедта.

Ако навистина мислите дека бебето ви е жедно, вистинската течност за нејзино гаснење е млекото. Со оглед на тоа што бубрезите кај бебето не се уште добро развиени, ако им понудите вода, дури и количина мерена во милилитри, можно е нивните неразвиени бубрези ослободат од вишокот вода, а тоа може да доведе до големи проблеми со нивната мозочна активност. Ова инаку се нарекува токсикација со вода, со симптоми кои често се неразбирливи – предизвикува поспаност, раздразливост и слични ментални промени, а останатите симптоми вклучуваат и малку пониска телесна температура, отеченост, дури и напади.

Значи, не се работи за некоја несериозна работа – посебно затоа што симптомите се ,,благи,, можат сосема погрешно да се протолкуваат од страна на родителите, тие да не сфатат дека нешто се случува со нивното бебе и со обична вода многу да му наштетат.

Сепак, добрата вест е што труењето со вода е акутно и не прераснува во хронични напади.

 

Тагови: бебевода
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина