Мушмула

Мушмулата се одгледува многу долго во Европа. Нејзиното дрво цвета кон крајот на април, а плодовите се берат на есен, некогаш и по првите мразови. Откако ќе се оберат, тие се тврди, па треба да се остават неколку недели да омекнат. Тогаш месото им станува меко, сочно, киселкасто и кремасто, како путер од јаболки. Од плодот може да се прави мармалад, ликер и ракија, а познавачите на народната медицина го користат за подобрување на видот, јакнење на црниот дроб и бубрезите, поправање на крвната слика, отстранување болки во грбот и колената. Се препорачува кај вртоглавици, дијареја, инфекции на усната шуплина, па дури и кај импотенција. Незрелиот плод на мушмулата ја стега слузокожата, па затоа може да се користи за запирање на крварењето од непцата и да спречи појава на афти во устата. Таа, исто така, ја поттикнува работата на плунковните жлезди, поради што посебно се препорачува за постарите луѓе. Во себе содржи бројни лековити состојки – танин, витамин Ц, пектин, смола, јаболкова, лимонска и винска киселина. Семките се исто така здрави, можат да се држат во вода додека не набабрат, при што додека стојат во вода ослободуваат лековити состојки. Оваа вода потоа се користи како облога при повреда на кожата.

Освен што делува благопријатно на дигестивниот тракт и што има широка примена во кулинарството, мушмулата е вкусен дар од природата и одличен сојузник во борбата за подобро здравје. Вкусот на овој плод одлично се совпаѓа со путер, цимет, каранфилче, слатка павлака, лимон, суво грозје и вино. Некои велат дека по вкус многу ги потсетува на јаболковача, други на ароматично вино. Она што е карактеристично за мушмулите е што од дамнина се ценети како пријатно средство за органите за варење и како одличен извор на витамин Ц. Исушените листови од мушмулата исто така се користат. Собрани, додека се уште цвета плодот, листовите се користат какоа чај кој во народната медицина. Тој е познат како ефикасно средство за гаргара на грлото и за лекување на воспаленија на забите и непцата.

Мандарина

Кога се работи за овошје како што се мандарините, најважно е да се истакне дека антиоксидансите можат да го намалат нивото на ,,лош,, холестерол, а научниците тврдат и дека може да го намали ризикот од рак на црниот дроб. Оние кои имаат вирусен хепатитис можат да го намалат ризикот од рак на црниот дроб ако пијат сок од свежи мандарини, тврдат научниците од Универзитетот Кјото во Јапонија.

Мандарините даваат и до 80% од потребното внесување на витаминот Ц. Овој витамин, како што знаеме, се бори против слободните радикали. Антиоксидансите помагаат во спречувањето на оваа верижна реакција и ги стопираат оштетувањата, а тоа го јакне имунитетот. Како што истакнавме на почетокот, антиоксидансите во мандарината можат да го намалат ,,лошиот,, холестерол борејќи се против слободните радикали кои го оксидираат холестеролот, па тој лесно се насобира на ѕидовите од артериите. Мандарините се извор на диетални влакна, дури по 3 гр. влакна на 100 гр., а редовното консумирањ ен авлакна прави подолго време да се чувствуваме сити.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина