Состојки:

 

  • 1 филџан мусли
  • 1/2 филџани оризово брашно
  • 1/2 филџан топла вода
  • 4 лажици шеќер од шеќерна трска
  • 1 мала лажица сода бикарбона

 

 

Фил – веге џем:

 

  • 6 лажици чиа семе
  • 1 пакување (200 гр.) смрзнати малини

 

 

Подготовка:

 

Измешајте ги смрзнатите малини со чиа семето и оставете овошјето да се одмрзнува и да го испушти сокот што ќе го натопи семето.

 

Потоа додадете 3 лажици засладувач по желба, шеќерот од трска 3 лажици или агава сируп – 2 лажици. За да се добие гел маса, потребно е повеќе пати да се измеша овошјето со чиа семето. Се остава да отстои.

 

 

За посипување:

 

  • 1/3 филџани издробен корнфлекс
  • 1/3 филџан сецкани индиски оревчиња
  • 1/3 филџан ореви или бадеми
  • малку гоџи бобинки или брусница

 

Подготовка:

 

Муслито се потопува во вода и се остава да отстои 20 минути, додека да ја впие течноста и не омекне. Потоа се додаваат оризовото брашно, шеќерот, сода бикарбоната и се добро се меша. Во плех се става хартија за печење и се излива тестото врз него. Се распределува со дрвена лажица, за да биде секаде иста дебелината. Се пече на посилна температура од 200 степени, околу 20 минути. Се вади, се прелева со џемот од малини и се враќа во рерна на уште 10-15 минути.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина