Ако им се верува на новите истражувања на научниците од Универзитетот Florida Gulf Coast, интелигентните луѓе поголем дел од времето минуваат во излежување од оние луѓе кои имаат помал коефициент на интелигенција. Иако според ова истражување нивна одлика е мрзеливоста, интелигентните луѓе се и понатаму посреќни и кај нив здодевноста е многу ретка појава.

Научната студија од Универзитетот покажала дка интелигентните луѓе уживаат во друштво на своите мисли, па многу често се доведуваат себеси во т.н. ‘паметно излежување’, кое го минуваат размислувајќи. Од друга страна, пак, помалку интелигентните луѓе според нивната студија, во повеќе случаи чувствуваат здодевност, која се обидуваат да ја скратат со некаква физичка активност.

Како што пренесува Mirror, научниците во својата студија се користеле со стар тест за поребата за когниција, одновно тест за менталните процеси. Овој тест бил стар илјадници години. Тие идентификувале 30 студенти кои покажувале голема заинтересираност за зачестени размислувања. Исто така, тие 30 студенти кои учествувале во истражувањето сакале да одбегнат било каков ментален напор.

Истражувањето над студентите се спроведувало онлајн со анкетирање, во кое се барало да одговорат на прашања кои ја исклучувале нивната желба за учество во активности кои би барале од нив решавање на одредени проблеми. Сите учесници во истражувањето потоа носеле фитнес алки, коишто ја мереле нивната дневна физичка активност. Се покажало дека оние кои вложувале поголем ментален напор биле значително физички активни од другата група. Разлики помеѓу поинтелигетната група и помалку интелигентната во текот на викендот немало. Иако истражувањето покажало дека интелигентните луѓе се мрзеливи, научниците и понатаму ја поттикнуваат физичката активност, која е и тоа како важна во целокупниот ментален процес.

Резултатите од ова истражување биле објавени во славниот Huffington Post. Притоа, во предвид треба да се земе и тоа дека во ова истражување учествувале самоо 30 испитаници, кои за потребите на истото морале да оценат колку се или не се согласни со одредени изјави. Исто така, сите биле обврзани да носат акцелерометар за мерење на физичките активности, во тек на период од седум дена.

Резултатите покажале дека учесниците кои биле квалификувани како ,,мислители,,, било поверојатно дека ќе одбегнуваат физички активносит, колку што можат повеќе, посебно за време на работните денови. Една од причините зошто е тоа така, се крие во фактот дека интелигентните луѓе, кои уживаат своето време да го трошат на размислување, имаат подолго внимание во однос на оние кои тогаш повеќе сакаат да уживаат во физичките активности, се со цел да ја одбегнат здодевноста.

Секако, одлично е да се биде паметен, но тоа никако не значи дека треба исклучиво да се живее седечки начин на живот. Не се вели бадијала дека во здраво тело има здрав дух. И други бројни истражувања имаат докажано дека седењето 40 часа неделно во канцеларија може да го зголеми ризикот од срцеви проблеми, а така трупаме и вишок килограми, кои исто така можат лошо да се одразат врз здравјето. Сепак, најдобра комбинација е да се биде и интелигентен и фит во исто време. Затоа движете се колку што можете почесто, без разлика на тоа колку ви е висок вашиот IQ.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина