Американските научници неодамна објавија дека мозочните клетки можат да се развијат и кај постарите луѓе, поттикнувајќи на тој начин нова расправа меѓу стручњаците за тоа дали воопшто некогаш престанува развојот на човековите ментални капацитети. Натписот на научниците од њујоршкиот универзитет Колумбија, објавен во списанието Stem Cell, е во спротивност со шпанско – американската студија објавена минатиот месец, според кој делот од човековиот мозок кој е задолжен за помнењето и учењето престануваа да произведува неврони околу тринаесеттата година од животот.  Иако ниту една расправа не се смета за конечна, ваквите истражувања внимателно се следат, бидејќи светската популација старее, па научниците во борба со последиците од деменцијата се обидуваат подобро да сфатат како со нив старее и мозокот.

 

Средишна точка на истражувањето е хипокампусот, мозочната ,,централа,, за учење и помнење. Поточано кажано, научниците трагаат за нарастување на нови мозочни клетки кои подоцна ќе се развијат во неврони, важни поради преносот на информации во мозокот. Научниците од Колумбија се користеле со примероци од мозокот добиени по обдукција извршена над 28 луѓе кои ненадејно починале на возраст помеѓу 14 и 79 – годишна возраст и трагале за новоформирани неврони.

 

  • Откривме дека постарите имаат способност да создаваат илјадници нови неврони, слично како што е и кај младите луѓе – рекла водечката авторка на студијата, професорката по невробиологија Маура Болдрини. – Забележавме и слични волумени на хипоталамусот кај сите старосни групи.

 

Тоа упатува на можноста дека многу сениори можат да задржат когнитивни и емоционални способности подолго отколку што се претпоставувало.

 

Меѓутоа, Болдрини предупредува дека тие нови неврони можеби се помалку способни да пренесуваат информации кај старите луѓе поради стареење на нивните крвни садови.

 

Контроверзии

 

Истражувањето кое минатиот месец било објавено во списанието Nature од страна на група научници предводена од Артуро Алварез од калифорнискиот универзитет во Сан Франциско, САД, го тврди спротивното.

 

  • Проучувајќи ги примероците на мозокот од 59 возрасни луѓе и деца утврдивме дека ,,нема докази за постоење млади неврони или матични клетки кои произведуваат нови неврони во хипокампусот кај оние постари од 18 години – рекол Алварез. – Пронајдовме одреден број неврони кај деца на возраст до една година и уште неколку кај оние на возраст помеѓу 7 и 13 години. Резултатите од нашето истражување упатуваат на тоа дека ,,хипокампусот кај човекот во голема мерка е веќе изграден во текот на развојот на мозкот како фетус – додал тој на крајот.

 

Алварез веќе реагирал на истражувањето на научниците од Колумбија. Од неговата лабораторија велат дека не се убедени во нивните заклучоци.

  • Базирано врз она што јавно го претставија, се чини дека клетките кои тие ги нарекуваат нови неврони во хипокампусот кај старите луѓе се со значително поинаков облик и изглед од она што би се сметало за млади неврони – заклучил Алварез.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина