Можеме ли да се разболиме од страв?
Стравовите од секаков вид се најголемиот генератор на оксидациски стрес. Оксидацискиот стрес создава слободни радикали, кои ги оштетуваат митохондриите, ја нарушува природната рамнотежа меѓу слободните радикали кои ги создава и антиоксидансите од друга страна. Тогаш ни паѓа имунитетот и побрзо старееме.
Важно е да се знае дека оксидацискиот стрес или зголемената количина на слободни радикали настанува и поради губење на блиските, оперативни зафати, тешки болести и физички и психички напор кој трае многу долго. На него се изложени пилотите и патниците во авион на прекуокеанските летови, пушачите… Од тука е логично да се заклучи дека ако успееме барем малку да го контролираме создавањето на слободни радикали ќе ја намалиме можноста за настанок на разни боелсти.
Полна чинија антиоксиданси
Најпознат антиоксиданс е сигурно витаминот Ц. Го има во поголеми количини во лимонот, мандарините, грејпфрутот, портокалите, пиперките и магдоносот. Во секој случај, ова е витамин без кој не се може. Дозата од 60 милиграми дневно, која одамна ја има препорачано Светската здравствена организација одамна се смета за недоволна и затоа не зачудува тоа што на пазарот се повеќе има синтетички витамини во дози и до 1000 милиграми.
Иако не сме поддржувачи на синтетичките витамини, честопати на оние кои се изложени на оксидациски стрес каков е погоре опишан неопходно им е дополнување од овој вид. Ова посебно важи за пушачите и постарите лица кај кои веќе е присутен т.н. пад на антиоксидативниот потенцијал. Но, не е добро со ништо да се претерува, па ни со антиоксидансите, но кога се работи за витаминот Ц може да се спомне двојниот добитник на Нобелова награда, доктор Линус Паулинг, кој изјавувал дека земал и по 2000 милиграми витамин Ц дневно. Живеел до 96 години.
Не е се во милиграмите
Антиоксидативниот потенцијал на витаминот Ц се зголемува повеќекратно кога се зема во комбинација со витаминот Е, каротеноиди и флавоноиди. A за да се зголеми антиоксидативниот капацитет уште повеќе, потребни се и минерали, бакар, цинк и селен.