Ќе вежбавте ли почесто со тегови ако знаевте дека тоа ќе ви ги изостри мислите? Доказите стануваат се посилни – вежбањето, па дури и нешто едноставно како тренинг со кревање тегови е еден од подобрите начини да ја заштитите меморијата, да го изострите размислувањето и да ја спречите деменцијата, Алцхајмеровата болест и другите невролошки состојби. Неодамнешните истражувања покажуваат дека шестомесечното вежбање со оптеретување,  ја забавува деменцијата кај жени постари од 70 години.

Но оваа вест не е важна само за повозрасните лица. Истражувањата кои вклучиле и млади луѓе, покажале дека тие се попаметни, поостри и ментално побрзи после вежбање. Всушност, постојат многу истражувања спроведени во последно време кои ја прикажуваат импресивната врска помеѓу вежбањето и умот.

Младите мажи во Ирска имале подобри резултати во мемориските игри, веднаш по аеробните вежби.

Минатата есен се спровело тестирање врз група луѓе на прашања за препознавање и когнитивно поврзување, а потоа истото тоа го повториле на истата група луѓе откако возеле статичен велосипед. Ги споредиле овие резултати со оние кои седеле цело време. Мажите кои возеле велосипед имале значително подобри резултати, за разлика од другите.

Базирано на примероците крв после вежбање, се покажало дека луѓето имаат повисоко ниво на мозочен невротропски фактор , протеин кој го помага здравјето на невроните.

vezbanje1naslovna

Минатогодишното истражување на американските научници покажало нови објаснувања за влијанието на меморијата:  вежбањето всушност ја зголемува големината на хипоталамусот, делот од мозокот кој е одговорен за меморијата и просторното резонирање.  Истражувањето вклучило групи луѓе во педесеттите години, шеесеттите и седумдесеттите години, пред тие да се вклучат во едноставна програма за 40 минутно одење по три пати неделно за време на една година.

Не сте убедени ? Тимот истражувачи од Универзитетот во Илиноис  дошол до откритие дека децата го изоструваат своето размислување и учат побрзо кога се во форма и вежбаат редовно, во споредба со оние деца кои не вежбаат . Тие имаат подобри резултати, се сеќаваат на повеќе информации и имаат поголема способност за мултитаскинг. Но, некако овие информации не допираат до луѓето до кои би требало. Сите знаеме дека постарите луѓе кои се движат се посреќни од оние кои седат дома. Соодветно на тоа, често ги одбиваме ваквите видови истражување често без да размислиме што навистина значат за нас.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.